Сестра Кристина не сака да го замени манастирот со музичка кариера

Нејзиното појавување во шоуто за таленти предизвика многу дискусии. Монахињата Кристина Скучија од Италија, чие неодамнешно појавување и победа на шоуто за таленти „Гласот на Италија“ предизвика многу дискусии, ги обнови своите монашки завети, известува „Кориера дела Сера”.

Итајанскиот весник се повика на изјавата од манастирот на урсулинките во Милано каде што сестра Кристина престојува и наведе дека таа ги обновила заветите на чистота, послушност и сиромаштво, како што било предвидено на нејзиниот монашки пат. Медиумите ја пренесуваат таа вест како доказ дека сестра Кристина нема намера да се занимава со музичка кариера, како што таа и постојано истакнуваше од почетокот на натпреварувањето. Што ќе се случи со наградата која што ја доби – договор за издавање на албум за голема дискографска куќа, сѐ уште не е јасно. Претставниците на шоуто за таленти објавија дека договорот уште не е потпишан и дека се чека на одлука на монахињата и нејзините монашки старешини.

Инаку, на почетокот на овој месец отец Алесандро Дијаз од Папскиот совет за нова евангелизација го пофали појавувањето на сестра Кристина на телевизиското шоу.

„Тоа што сестрата го направил може да се опише како заминување на периферијата на општеството, бидејќи се појави на некоја поинаква сцена за да го сведочи својот избор во животот. И мислам дека во таа смисла погодила“, рече отец Дијаз и додаде дека мораме „да излеземе од своите рамки за да им зборуваме на другите за Бог, на многу конкретен начин“.

Битно нет/ превод: Д.И.

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот