Струмица: Парохиски Каритас – потреба и предизвик
Во склоп на парохиските активности планирани во пасторалната година во црквата „Свети Иван Крстител“ – Струмица во сабота 30 мај 2015 година богословот Спасе Спасов, координатор во Македонски Каритас одржа предавање на тема: Парохиски Каритас: потреба и предизвик.
На почетокот од средбата о. Гоце Костов, му се заблагодари на координаторот на Македонски Каритас за подготвеноста да биде во парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица. Координаторот Спасе Спасов врз основа на црковните документи ја образложи потребата од каритативното делување во парохиите, но исто така и нагласи дека тоа е составен дел од црковниот живот, односно сведочење на Божјото милосрдие.
По одржаното предавање следуваше дискусија од која произлегоа повеќе поттикнувања и размислувања за понатамошно парохиско каритативно делување.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи
Парохискиот Каритас „Свети Иван Крстител“ во посета на пациентите во болницата за неврологија и психијатрија во Струмица

