Директорот на Македонски Каритас му честита на новоизбраниот претседател на Каритас Интернационалис

Директорот на Македонски Каритас му честита на новоизбраниот претседател на Каритас Интернационалис

Надбискупот на Токио, Тарцисио Исао Кикучи на 22. Генерално собрание на Каритас Интернационалис е избран за во сабота навечер за 13. претседател на Каритас Интернационалис, добивајќи четиригодишен мандат да раководи со на каритативната организација на Црквата.

По тој повод директорот на Македонски Каритас, кој и самиот присуствуваше на изборот, на новоизбраниот претседател на Каритас Интернационалис му го честита изборот посакувајќи му Божји благослов во неговата нова служба.

Тој доби четиригодишен мандат на чело на конфедерацијата на 162 католички организации за помош, развој и социјална служба. Каритас работи во над 200 земји и територии ширум светот и се обидува да изгради подобар свет, посебно за сиромашните и угнетените.

Надбискупот Кикучи, исто така, служи како претседател на Католичката бискупска конференција на Јапонија и генерален секретар на Федерацијата на азиските бискупски конференции (ФАБЦ).

Кратка биографија

Во соопштението објавено во сабота вечер, Каритас Интернационалис му честиташе на надбискупот Кикучи за неговиот избор.

Со конфедерацијата Каритас работи на различни начини од 1995 година, кога започна како волонтер во бегалски камп во Букаву, Демократска Република Конго (тогаш познат како Заир).

За извршен директор на Јапонскиот Каритас е од 1999 до 2004 година и претседател на Каритас Јапонија од 2007 до 2022 година, како и член на Претставничкиот совет од 2011 до 2019 година.

Во своето обраќање до членовите на Каритас во петокот, надбискупот Кикучи рече: „Каритас мора да биде на првата линија за да ги прими, придружува, служи и брани сиромашните и ранливите. Оваа мисија мора да се поддржи и да го привлече целото внимание на членовите на Конфедерацијата. и јас би сакал да бидам тој што ќе ја води целата организација за исполнување на оваа важна мисија на Црквата заедно со генералниот секретар. Сите се повикани да чекориме заедно“.

Тарцисио Исао Кикучи е роден во Ивате на 1 ноември 1958 година. Своите монашки завети ги положи во  монашаката заедница Мисионери на Божјото Слово во март 1985 година пред неговото ракополагање за свештенство на 15 март 1986 година.

Како штотуку ракоположен млад свештеник, служел како мисионер во Гана, каде што бил парохиски свештеник во рурална парохија 8 години.

Тој служи како надбискуп на Токио од неговото именување во 2017 година, пред тоа, од 2004 година служеше како бискуп на Ниигата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот