Папата во попладневните часови на првиот ден од престојот во Грција се сретна со Неговото Блаженство Јероним II архиепископ на Атина и на цела Грција примас на Грчката православна Црква.
Папата својот говор го започна со зборовите на свети Павле: Милост вам и мир од Бог, кои апостолот на народите ги изговорил додека бил во Грција. Нашата денешна средба ја обновува таа милост и тој мир – рече Светиот Отец. Потоа ја спомна нивната средба пред пет години, на Лезбос во моментот на мигрантската криза, една од најголемите драми на нашето време. Денес сакаме да ја поделиме радоста на братството и гледјаќи во Медитеранот не само само како на место кое загрижува и разделува, туку исто така како море кое поврзува – напомена и ги истакна заедничките корени кои се под земјата, сокриени, често занемарени, но сите ги поддршуваат.
Нашите корени се оние апостолските, израснале од семето на Евангелието и кои започнале да донесуваат големи плодови токму во грчката култура – рече Папата и додаде, после нас, за жал световните отрови нѐ расипаа, плевелот на сомнежот ја зголемил одалеченоста и сме престанале да го негуваме заедништвото. Срамно – го признавам тоа за Католичката Црква, постапките и одлуките кои имаат малку или никакви врски со Исус и Евангелието, да ја исполнат повеќе жедта за заработка и моќ, направиле заедништвото да пресуши. Така дозволивме поделбите да ја загрозат плодноста. Историјата има своја тежина и овде денес чувствувам потреба повторно да молам прошка од Бог и од браќата за грешките кои сме ги направиле како католици. Меѓутоа голема утеха е сигурноста дека нашите корени се апостолски и дека и покрај изобличувањата на времето, Божјата билка расте и донесува плод во истиот Дух – напомена папата Фрањо и додаде: Милоста исто така е меѓусебно да се препознаат плодовите и на тоа заедно да му се заблагодариме на Господ.
Папата потоа истакна три насоки кои се испреплетуваат со конечниот плод на дрвото маслинка: елејот на заедништвото, елејот на мудроста, елејот на утехата. Светиот Дух најмногу е ејелот на заедништвото, рече Папата. Колку денес ни е потребно да ја препознаеме единствената вредност која блеска во секој човек, во секој брат! Препознавањето на таа заедничка каратеристика е појдовна точка за градење на заедништвото.
Духот Кој се излева во умовите нѐ поттикнува на посилно братство, да се обликуваме во заедништвото. Затоа да не се плашиме едни од други, туку да си помогнеме да се поклонуваме на Бог и да му служиме на ближниот, без прозелитизам и целосно почитувајќи ја слободата на другиот затоа што, како што пишува свети Павле, „каде е Духот Господов, таму е слободата. Се молам Духот на милосрдието да го совлада нашиот отпор и нѐ направи градители на заедништвото – рече Папата и праша, од друга страна како можеме на светот да му ја сведочиме слогата на Евангелието ако ние христијаните сѐ уште сме разделени? Како можеме да ја навестуваме Христовата љубов која ги собира народите ако меѓусебе не сме соединети? (…)
Духот Свети е и елеј на мудроста: „Он Го помазува Христа и сака да ги вдахнува на христијаните.“ Би сакал во таа смисла да ја изразам благодарноста за важноста која ова православна Црква наследничка на голема инкултурација на верата, она со грчката култура, ја посветува на формацијата и теолошката подготвока – рече Папата и ја спомна плодната соработка на културното подрачје, за важните меѓухристијански симпозиуми и други иницијативи. Тие се прилики кои овозможиле воспоставување на срдечни односи и поттикнување на корисни размени меѓу академците на нашите вероисповеди. Се заблагодарувам исто така за активното учество на Грчката Праволсвна Црква во Меѓународната мешовита комисија за теолошки дијалог. Нека Духот ни помогне мудро да продолжиме по тие патишта.
Духот исто така е елеј на утехата: Параклит кој ни е близок, мелем на душата, исцелување на раните, рече Папата. Тој го го посветува Христа со помазување за да ја навестува радосната вест на сиромашните, слобода на угнетените (Лука 4,18). И Он нас уште нз поттикнува да се грижиме за најслабите и најсиромашните, и на нив кои се важни во Божјите очи го привлечеме вниманието на светот. (…)
На крајот Папата го повика Духот на воскреснатиот распнат Христос. Нека ни помогне негативноста и предрасудите од минатото да нѐ не парализираат, туку на реалноста да гледаме со нови очи. Така неволјите од минатото ќе остават простор за утеха во сегашноста и ќе бидеме утешени со богатството на милостите кои ќе ги откриеме во нашите браќа и сестри. Папата Фрањо исто така потсети дека во Католичката Црква започна патот на продлабочување на синодалноста. Чувствуваме дека можеме многу да научиме од вас. (…)
Ватикан њуз/к.мк