Близината на Папата со еквадорското население и молитва за Украина

Близината на Папата со еквадорското население и молитва за Украина

На крајот од пладневното обраќање на 19 март 2023 година, по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо ја изрази својата близина и ги вети своите молитви за населението на Еквадор погодено од земјотресот во кој загинаа најмалку 14 лица, а повеќе од 120 се повредени. Тој уште еднаш поттикна на молитва за украинскиот народ кој продолжува да страда поради насилството во таа земја кое не престанува.

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо го спомена земјотресот што вчера го погоди Еквадор и предизвика човечки жртви, повредени и големи штети. Близок сум со еквадорскиот народ – рече тој – и вети дека ќе моли за загинатите и оние кои страдаат.

Според последните информации загинале 14 лица, а најмалку 126 се повредени од земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди крајбрежната провинција Гуајас. Според владини извори, најголем дел од жртвите се регистрирани во провинцијата Ел Оро, на границата со Перу, каде што земјотресот исто така бил почувствуван и однел еден живот.

Освен тоа, Светиот Отец, уште еднаш ги насочи своите мисли кон маченичкото население на Украина, каде не престанува насилството.

Да не заборавиме да молиме за маченичкиот украински народ кој продолжува да страда поради воените злосторства – рече папата Фрањо пред присутните на плоштадот Свети Петар, повторно насочувајќи ги мислите кон Украина.

На крајот, Римскиот бискуп заедно со околу 25.000 верници собрани на плоштадот Свети Петар, се помоли со Господова молитва. Тоа го направи на посебен начин за сите татковци на кои овој 19 март им ги упати најубави желби и им посочи упориште во Свршеникот на Богородица. Нека најдат во Свети Јосиф пример, поткрепа и утеха за да го живеат добро татковството – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот