Папата повика на молитва за оние кои страдаат од војните

Папата повика на молитва за оние кои страдаат од војните

Додека војната сè уште беснее во Појасот Газа, Украина и другите делови на светот, папата Фрањо, по молитвата Ангел Господов, најави дека во четврток, на 2 ноември, ќе служи света Литургија на римските гробишта за загинатите во Втората светска војна од земјите на Комонвелтот

Во четврток, на 2 ноември, папата Фрањо ќе служи света Литургија на Римските воени гробишта, каде се наоѓаат посмртните останки на војниците на Комонвелтот кои загинале во Италија за време на Втората светска војна.

Римскиот бискуп ова го најави на ходочесниците и верниците присутни на плоштадот Свети Петар на празникот Сите светци, во среда, 1 ноември 2023 година.

Утре попладне ќе служам света Литургија на римските гробишта за загинатите во Втората светска војна од земјите на Комонвелтот, рече Папата од прозорецот на Апостолската палата по молитвата Ангел Господов.

Да продолжиме да молиме за населението кое страда поради војните кои моментално се водат. Да не заборавиме на напатената Украина, да не заборавиме на Палестина, да не заборавиме на Израел, да не заборавиме на многу други региони каде што војната е сè уште многу присутна, апелираше папата Фрањо.

Сите светци, сите души

Светата Литургија, која Папата ќе ја служи во четврток 2 ноември ќе биде на Задушница, кога црквата се сеќава на упокоените верници. Не е прв пат Папата да одлучи да ја одбележи оваа пригода со света Литургија на гробишта – во 2018 година служеше света Литургијиа на француските воени гробишта во Рим, додека во 2021 година ги избра гробиштата Лаурентино.

По молитвата Ангел Господов, Папата своето обраќање го заврши потсетувајќи дека на празникот Сите светци Црквата се сеќава на оние кои се во небо.

На сите ви посакувам среќен празник во духовно друштво на светителите, рече на крајот Римскиот бискуп.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот