Средбата на министраните со папата Фрањо

Педесет илјади министранти од повеќе земји од германското говорно подрачје на 5 август се собраа на плоштадот Свети Петар на средба со папата Фрањо, која што започна во 18.00 часот по повод нивното поклоничко патување во Рим. Геслото на поклонениците гласи „Слободни! Бидејќи е дозволено да се прави добро“, а целиот план е претставен на 4 август во салата Маркони на Радио Ватикан.

Министрантите се на возраст помеѓу 13 и 27 години, доаѓаат од Германија, Австрија и Швајцарија, а заедничко им е верата во Христос и младинскиот ентузијазам, но и нетрпеливоста со која ја очекуваа средбата со Светиот Отец. Сумирајќи ги во разговор за Радио Ватикан нивните чувства, епикопот Карл Хајнц Виземан, преседател на Комисијата за млади на Германската епископска конференција напомена дека некои од нив веќе го виделе Папата минатата година во Рио де Жанаиро, но и дека многу ќе го видат за прв пат – рече и додаде дека сите го чувствуваат општото заедништво на Црквата и верата.

Всушност, заедништвото е зборот кој најчесто се повторува во говорот на тие млади кои пристигнаа во Рим, а кои претставуваат бројни деца, адолесценти и млади, собрани во служењето кај олтарот. Само во Германија ги има повеќе од 430.000. Така за 13 годишната Ева да се служи кај олтарот значи да се биде дел од големата заедница, Црквата која уште подобро ќе ја познаваме по ова средба.

Да се биде дел од Црквата и да ја поддржуваш е значењето кое 13 годишниот Јаков го дава на министрантската служба. Тоа е поддршка – напомена епископот – која се изразува и во постојаното отворање на заедница за нови членови: старите се повикани да се грижат за младите, така – како што објасни епископот – можат да растат во одговорноста едни за други.

Другото упориште е изразено во мотото на поклоненичкото патување „Слободни! Бидејќи е дозволено да правиме добро“ кое е земено од 12 глава од Евангелието по Матеј. Толкувајќи ги причините за тој избор епископот истакна дека тоа значи да бидеш слободен во Христос за да правиш добро. Овие млади живеат во слободен свет, но често не знаат што да прават со слободата. Затоа ние им го предлагаме Христовиот пат, Евангелието. Слободен си во Христос за да правиш добро, за да го наследуваш на Христос – истакна епископот.

Тоа наследување – додаде епископот – се гледа најмногу во практикувањето на крепостите на милосрдието за кое што пример е Исус кој во храмот во Ерусалим во сабота ја оздравува исушената рака на еден човек. Милосрдието е јадрото на Христовото Евангелие. Да бидеш милосрден значи да ја разбираш логиката на Евангелието. Тоа значи не да мислиш само на себе, туку да го гледаш другиот, а пред сѐ оној кој е во потреба – истакна преседателот на Комисијата за млади на Германската епископска конференција.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот