Папа Фрањо: Јаслите се уметничка слика на мирот

Папа Фрањо: Јаслите се уметничка слика на мирот

Кога ги изработуваме јаслите во својот дом, тоа е исто како да ја отвараме вратата и да велиме: Исусе, влези!; тогаш конкретно ја правиме таа блзина, тој повик Исус да дојде во нашиот живот. Затоа што ако Тој престојува во нашиот живот, животот повторно се раѓа. Ако животот повторно се раѓа, тоа е вистински Божиќ – рече Папата вчера на Фенералната аудиенција одржана во салата Павле VI

Јаслите го носат Евангелието на местата каде што се живее: во становите, училиштата, на работните места, во болниците, затворите, на плоштадите. Длабоката смисла на јаслите за мир, за семејство, за промена на нашиот живот, како и поттикот да направиме јасли во својот дом, беа центарот на катехезата на папа Фрањо на Генералната аудиенција одржана во салата Павле Шести.

Да се говори на Господ за она што ни лежи на срце

Поставувањето на јаслите е едноставен, но делотворен начин на подготовка за Божиќ кој се приближува, толку многу што Папата потсети дека го посетил местото Гречо каде што свети Фрањо ги направил првите јасли и дека напишал писмо за нивното значење. Јаслите повикуваат на важна работа, Бог не остана невидлив на небото, туку дојде на Земјата и стана човек. Да направиш јасли значи да ја славиш Божјата близина. Бог секогаш беше блиску до својот народ, но кога се овоплоти беше на посебен начин близу – рече Папата.

Тој, имено, не е некој оддалечен судија или некој далечен господин, туку е понизна Љубов која се симна кај нас. Детето Исус со раширени раце потсетува токму на тоа дека Бог дојде да го прегрне човештвото. Поради тоа Папата ги поттикна верниците да застанат пред јаслите и да му говорат на Господ за личностите и ситуациите кои им се на срце, со Него да направат биланс на годината која завршува и да ги споделат очекувањата и грижите.

Јаслите се живо Евангелие

Нивната актуелност се однесува и на хоризонтот на мирот. Јаслите се многу актуелни, додека секој ден во светот се произведува многу оружја и многу насилни слики кои влегуваат во очите и во срцето. Јаслите се, спротивно на тоа, уметничка слика на мирот. Поради тоа се живо Евангелие – истакна папата Фрањо.

Да се отвори врата на Исус

Јаслите ни покажуваат секојденвни сцени: пастири со овци, ковачи кои коваат железо, млинари, а тие ни покажуваат дека Бог доаѓа во нашиот конкретен живот. Важно е, значи, да се направат во сопствениот дом исто така мали јасли за да се сетиме дека Бог дојде кај нас да нè следи во животот, и поради тоа во секојдневниот живот веќе не сме сами – забележа Папата и истакна: Не ги менува работите магично, но ако Го примиме, сè може да се промени.

Поради тоа, ви посакувам поставувањето на јаслите да ви биде можност да го повикате Исус во својот живот. Кога ги изработуваме јаслите во совојот дом, тоа е како да ја отвораме вратата и да кажеме: Исусе, влези!; тогаш конкретно ја правиме таа блзина, тој повик Исус да дојде во нашиот живот. Зашто ако Тој престојува во нашиот живот, животот повторно се раѓа. Ако животот повторно се раѓа, тоа е вистински Божиќ – рече Папата.

Покрај Исус ги гледаме Марија и Јосиф – потоа ги поттикна верниците да го повикаат и Светото семејство во својот дом. Јаслите се „домашно Евангелие“; јаслите буквално значат „јасли“ додека Витлеем значи „куќа на лебот“; поради тоа ако ги поставуваме во својот дом каде што ги споделуваме храната и чуствата, тоа нè потсетува дека Исус е „Лебот на животот“ и дека дава сила на семејствата да одат напред и да си простуваат.

Јаслите се актуелност на секое семејство

Исто така, јаслите се повик на контемплација, која, пак, нè потсетува на важноста да застанеме. Само ако ја оставиме бучавата на светот надвор од куќата, се отвораме за слушање на Бог кој говори во тишина. Јаслите се актуелни, тие се актуелност на секое семејство – напомена Папата и ја истакна нежноста на семејството. Вчера ми подарија мала слика од едни посебни јасли, чиј наслов е „Да дозволиме мама да се одмори“. Јаслите ја прикажуваат света Марија како спие и Јосиф кој го успива Детенцето. Дозволете мама да се одмори; тоа е нежност во семејството, во бракот – истакна папата Фрањо.

Благодарност за честитките за 50 годишнината од свештенство и за роденденот

На крајот од катехезата, поздравувајќи ги 7.000 присутни верници, Папата им посака среќен Божиќ и им заблагодари на сите кои, од повеќе краеви на земјата, му испратиле честитки за 50 годишнината од свештенството и за неговиот роденден.

 Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот