Папата моли за мајките од Украина и Русија кои ги загубија своите деца во војната

Папата моли за мајките од Украина и Русија кои ги загубија своите деца во војната

На крајот од неделната молитва Ангел Господов, папата Фрањо потсети на мајките од Украина и Русија кои ги загубија своите деца поради војната. Тој поттикна да бидеме во молитва со оние што страдаат и во молитва за крај на војната

Папата Фрањо на празникот Крштение Господово, недела 8 јануари 2023 година, на плоштадот Свети Петар во Ватикан на крајот од молитвата Ангел Господов ги замоли сите да се сетат на браќата и сестрите кои страдаат во Украина, каде што војната продолжува да го зема данокот, каде што луѓето се борат, живеејќи во маки без струја и греење, а Божиќ им беше одбележан со војна. Никогаш не смееме да ги заборавиме, нагласи Папата.

Молете се за украинските и руските мајки

Потсетувајќи дека во овој момент посебно се фокусираме на блажената Марија и нејзиното Дете за кога таа се грижеше и воспитуваше, не можеме, а да не помислиме на мајките кои ги загубија своите деца во оваа војна, како украинските, така и руските мајки.

Светиот Отец повика сите да се помолат за мајките кои ги загубија своите деца, војниците во оваа војна од двете страни, потсетувајќи дека тоа е трагичната цена на војната за која треба да молиме да престане сето тоа страдање.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот