Кардинал Турксон: Да бидеме еколошки раѓани и да ги отфрлиме сомнителните однесувања

Кардинал Турксон: Да бидеме еколошки раѓани и да ги отфрлиме сомнителните однесувања

Префектот на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој кардиналот Петер Турксон го претстави во канцеларијата за печат на Светиот Престол проектот насловен „Laudato si’ Action Platform“, кој следните седум години ќе ги вклучува бискупиите, парохиите, црковните и лаички групи, но и болниците и здравствените центри, компаниите, земјодејските компании, училишта и униерзитети, монашки институции и заедници, кои сите се повикани да ги усвојат одржливите начини на живот.

Не станува збор за иницијатива насочена на самата себе, туку тој е неопходен проект земајќи ги во предвид неодамнешните податоци за сериозните опасности за планетата и нејзините жители. Нашето човечко семејство во целост е во голема опасност; немаме повеќе време за чекање или одложување. Клучно е да се ограничи зголемувањето на општата просечна температура внатре во критичните граници од 1,5°C над прединдустриското ниво затоа што нејзниото пречекорување би било катастрофално – предупредува кардиналот Турксон.

Излез од таквата состојба сѐ уште постои, а на неа предупреди папата Фрањо во пораката прикажана во Канцеларијата за печат на Светиот Престол во која повикува на заедничко делување за да им обезбедиме праведна и одржлива иднина на нашите деца и на децата на нашите деца. Кардиналот истакна дека токму гласот на Папата за тие теми е најмеродавен. Затоа на Светиот Отец му е упатена покана за учество на следниот состанок Cop26 кој ќе се одржи во ноември во Глазгов во Шкотска.

Евентуалното присуство на Папата би бил важен знак за учесниците на собирот – рече кардиналот и истакна, владите се повикани да се ангажираат за решавањето на тој проблем. Како што Папата напиша во својата енциклика „Лаудато Си“ не станува збор само за собирање информации, туку за споделување и сочувствување со стрдањето на сиромашните. Се надеваме дека со евентуалното присуство на Папата, политичките лидери тоа ќе го разберат.

Мора да разгледаме нови начини, да отфрлат сомнителните однесувања во животот и да се вклучиме во нови – истакна кардиналот. Мора да ја препознаеме својата улога за она што се случува во светот да го претвориме во лично страдање. Некои проекти, соработки, иницијативи и нови идеи веќе се започнати. На пример Црквата во Бангладеш посади во текот на година повеќе од 700.000 стебла или пак младата Вивијане Хар која од соосновачка на Твитер доби милион долари за садење на дрвца за да се запре ширењето на Сахара. Тие се првите видливи плодови – истакна кардиналот.

Тој поттик го упати и отец Јоштром Исак Куретадам водач на оделот „Екологија и Создание“ при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој кој објасни како ќе се одвива платформата „Laudato si’“. Првата година ќе биде посветена на трите темелни задачи за постигнување на 7 цели на енцикликата Laudato si. Тоа се градење на заедниците, распределба на средствата и изработка на акциски планови односно одговор на крикот на земјата, одговор на крикот на сиромашните, еколошка економија, усвојување на едноставни стилови на живот, еколошко воспитание, еколошка духовност, вклучување на заедниците и партиципативно делување. После тоа следуваат 5 години конкретно делување, а последната година ќе биде „саботна година“ година на одмор.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот