Соопштение за влезниците за канонизација на Иван XXIII и Иван Павле II
Префектурата на Папскиот дом соопштува дека за канонизација на блажениот Иван XXIII и Иван Павле II во недела 27 април 2014 година, учеството ќе биде слободно, без никави влезници за сите оние кои ќе најдат место на плоштадот Свети Петар, како и улицата на Помирување (Via della Conciliazione).
Во соопштението се предупредува исто така верниците да внимаваат на прекупувачите и агенциите или туристичките работници, бидејќи можат да барааат од нив пари за влезници.
На крајот од сoопштението се потсетува дека сите влезници за аудиенциите и евхаристиските славења, кои ги предводи Светиот Отец се бесплатни.
го*ко
Категорија:
Ватикан