Новата енциклика на папата Фрањо носи наслов „Laudate Deum“

Новата енциклика на папата Фрањо носи наслов „Laudate Deum“

„Laudate Deum“, односно „Фалете Го Господа“ – е насловот новата енциклика на папата Фрањо, која ќе ја објави на 4 октомври 2023 година.

Самиот папа Фрањо го кажа ова во говорот пред ректорите на универзитетите во Латинска Америка. Иако оваа средба се одржа на 21 септември во Ватикан, официјалниот портал Vatican News за содржината на папскиот говор објави дури на 25 септември.

Оваа енциклика, како што забележа Светиот отец, ќе биде актуелизација на содржината изнесена во неговата социјална и еколошка енциклика „Лаудато си“ од 2015 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот