Погребот на кардинал Пел ќе се одржи во сабота во базиликата Свети Петар

Погребот на кардинал Пел ќе се одржи во сабота во базиликата Свети Петар

Во сабота во базиликата Свети Петар папата Фрањо ќе го предводи последниот дел од погребот на починатиот австралиски кардинал Џорџ Пел

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четврток 13 јануари 2023 година соопшти дека погребот на кардиналот Џорџ Пел, поранешен надбискуп на Сиднеј и префект на Секретаријатот за економија, ќе се одржи во сабота, 14 јануари, во базиликата Свети Петар, со почеток во 11.30 часот.

Обредите ќе ги предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум, додека на крајот папата Фрањо ќе ги предводи обредите Ultima Commendatio и Valedictio, со што ќе се прости од починатиот кардинал и во молитва ќе ја препорача неговата душа на Бога.

Посветен на Евангелието

Австралискиот кардинал почина во вторник на 10 јануари 2023 година во Рим на 81-годишна возраст од компликации на срцето по операцијата на колкот.

Кардинал Пел служеше како префект на Секретаријатот за економија на Ватикан од април 2014 година до февруари 2019 година.

Изразувајќи тага откако дозна за смртта на кардиналот, папата Фрањо во телеграма со сочувство потсети на доследното и посветено сведоштво на кардиналот Пел, неговата посветеност на Евангелието и Црквата, а посебно на неговата вредна соработка со Светиот Престол во неодамнешна економска реформа, за која тој одлучно и мудро ги постави темелите.

Долготрајно влијание врз Црквата

Австралиската католичка бискупска конференција, исто така, му оддаде почит на починатиот кардинал.

Во изјава, надбискупот Тимоти Костело, претседател на Конференцијата, рече дека влијанието на кардиналот Пел врз животот на Црквата во Австралија и во целиот свет ќе се чувствува уште многу години.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот