Синодалноста не е концепт, туку искуство на слушање и вклучување

Синодалноста не е концепт, туку искуство на слушање и вклучување

Генералното собрание не е место за искажување лични мислења, туку место за слушање, расудување и заедничко одење кон брегот каде што Господ не чека

Исус, црква, семејство, синодалност, слушање, заедништво, сиромашни, млади луѓе, заедница, љубов , се само некои од најчестите зборови кои беа споменати во првите денови од работата на Генералното собрание на Синодата за синодалност, која се одржува во Ватикан. Во првите денови, објасни д-р Паоло Руфини – претседател на Комисијата за информирање на XVI Редовно генерално собрание на Епископската синода и префект на Дикастеријата за комуникации – присутните му изразија благодарност на папата Фрањо за убавината на тие моменти, во која ги доживуваат различните лица на Црквата.

Извештаи на работните групи

По третото општо собрание одржано во петокот попладне, на 6 октомври, во саботата наутро на 7 октомври, се одржа третата седница на помалите работни групи. Работата првенствено се состоеше од комплетирање на работните извештаи во работни групи, од кои секоја броеше од 10 до 12 члена. Извештаите, одобрени со големо мнозинство во секоја работна група, се доставени до Генералниот секретаријат на Епископската синода, кој подоцна ќе ги врати на пленарното собрание кога ќе се расправа за синтезниот документ.

Теми на известувањата

Темите кои се појавија во извештаите се: формација на сите нивоа – на свештениците, во богословиите, во семејствата; соодговорност меѓу крстените; и како хиерархијата може да се смести во рамките на заедништвото. Проблемот укажа не само на потребата од сузбивање на бирократизацијата во црковните структури, туку и на важноста да се посвети енергија за разгледување на нови форми и нови места на учество во заедништвото и во илјадагодишната историја на Црквата.

Младите и дигиталната реалност

Беше нагласена и потребата од вклучување на младите, додека извештаите се фокусираа на разгледување на современата дигитална реалност, преминот од концептот на моќ кон концептот на служење и избегнување на каква било форма на клерикализам.

Имаше и прашања за улогата на мирјаните и жените во црковната заедница и како Црквата може да се стави во служба на сиромашните и мигрантите. Работата на Синодата се фокусираше и на односот меѓу „двете белодробни крила“ на Црквата, белодробното крило на Истокот и белодробното крило на Западот.

Папата Фрањо, пастир кој ја води Синодата

Папата, објави д-р Руфини, беше присутен и во петокот на 6 октомври на општото собрание, истакнувајќи дека тој е меѓу првите што пристигнал во салата. Д-р Руфини истакна дека Папата изразил посебна благодарност за начинот на кој медиумските професионалци, одговорни за известување, ги презентираат настаните кои се во тек.

Меѓу говорниците на конференцијата за медиуми во сабота, 7 октомври, беа: кардиналот Фридолин Амбонго Бесунгу, претседател на Симпозиумот на бискупските конференции на Африка и Мадагаскар; Сестра Летиција Салазар, сведок на синодалниотт процес од бискупијата Сан Бернардино во Соединетите Американски Држави; и вообичаено, Шејла Леокадија Пирес, секретарка на Комисијата за информации на Епископската синода.

Во потрага по Божјата волја за денешната Црква

Кардиналот Бесунгу, истакнувајќи дека ова е негово четврто синодско искуство, истакна по што овој синодски собир се разликува од претходните:

Во оваа прилика се придава големо значење на барањето на Божјата волја во актуелниот историски момент од животот на Црквата. Никој не дојде со агенда да наметне. Ние сме браќа и сестри кои ја слушаат Божјата волја за Неговата Црква и она што ќе излезе од оваа Синода ќе даде добар плод и ќе биде прифатено како Божја волја… Неопходно е да се слуша Духот: целта на ова патување до 2024 година е да се бараат најдобри одговори за одредени проблеми; а резултатот, благодарение на молитвата и соочувањето, ќе биде нешто блиску до она што можеме да го сметаме за Божјата волја.

Молитва

Без молитва нема синодалност, продолжи кардиналот. Како Црква, ние сме секогаш во разпознавање и нема крајна точка. Потоа претседателот на SECAM, одговарајќи на новинарско прашање, објасни дека извештаите на работните групи нема да се објавуваат за да се почитува динамиката на синодалноста: Ќе има синтеза на сите извештаи. Да се разгледа само еден, би значело да се излезе од синодалноста.

Секретаријатот на Синодата не одлучува и не ја спроведува Синодата, истакна кардиналот, додавајќи: има интеракција меѓу работните групи и Генералниот секретаријат.

Нов начин на справување со проблемите

Запрашан за т.н „ЛГБТ прашањата“ кои се појавија на Синодата и како тоа може да го примат африканските бискупи, кардиналот Бесунгу истакна: Овде сме поради Синодата за синодалност. Не сакам да одам надвор од темата. Синодалноста не значи изразување на лично мислење, туку заедничко одење кон брегот каде што нè чека Господ.

Искуство, а не концепт

Синодалноста не е концепт. Тоа е искуство на слушање, односно вклучување , рече сестра Летиција Салазар, изразувајќи ја својата благодарност за можноста да учествува на настан во кој е вклучена целата универзална Црква. Потоа таа се задржа на темата за миграцијата: Јас емигрирав во Соединетите Американски Држави на 17 години, со моето семејство. И кога ќе дојдеш во нова земја, верата те држи, но Црквата те прифаќа. Мислам дека токму тоа се случи со мене и моето семејство, во Соединетите Американски Држави и Калифорнија…

Случувања надвор од синодската сала

Секретарот на Комисијата за информации, Шила Пирес, се надоврза на темата миграција, потсетувајќи дека миграцијата влијае на структурата на семејството, а е широка тема која опфаќа и други прашања како климатските промени, конфликтите и војните.

Секретарката на Комисијата за информирање потсети на настаните поврзани со работата на учесниците. Во четврток, 12 октомври, учесниците беа поканети на ходочастие во катакомбите на Свети Домитил и Свети Севастијан. Во Ватиканската базилика се планирани молитвени настани како Светата Бројаница. Постои можност за обожавање на Христос во светата Евхаристија, а за учесниците се отворени и Ватиканските градини.

Молитвата исто така игра фундаментална улога во салата Павле VI. каде се одржува самата Синода: помеѓу интервенциите секогаш има моменти на молитва и тишина за продлабочување и размислување за она што се слуша.

Процесот продолжи во понеделник, 9 октомври

Учесниците на Синодата не ги занемаруваат задолжителните активности во сабота попладне и во недела. Света Литургија се служеше утрово во базиликата Свети Петар за четвртото општо собрание. Потоа собранието се сврте кон следната точка од „Instrumentum laboris“, која е фокусирана на темата: „Заедница што зрачи. Како можеме поцелосно да бидеме знак и инструмент на единството со Бога и единството на целото човештво?“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот