Света Тајна Евхаристија: Секоја недела да одиме на Литургија

Драги браќа и сестри, добар ден!

Денес ќе ви зборувам за Евхаристијата која заедно со Крштението и Миропомазанието зазема централно место во „христијанската иницијација“ и претставува извор на самиот живот на Црквата. Од таа света Тајна на љубовта произлегува секој автентичен пат на верата, заедништвото и сведочењето.

Тоа што го гледаме кога се собираме да славиме евхаристија, Литургијата, веќе ни дава да почуствуваме што се подготвуваме да славиме. Во центарлниот простор наменет за славење се наоѓа олтарот, маса, покриена со чаршав и тоа нѐ прави свесни за гозбата. На масата е крстот, што значи дека на тој олтар се принесува Христовата жртва; Он е духовна храна која овде се подготвува, под знакот на лебот и виното. Во близина на олтарот е амвон, тоа е место од каде што се навестува Божјото Слово, а тоа означува дека причината за собирањето е слушање на Господ кој говори преку Светото Писмо и храната која се подготвува исто така е негово Слово.

Словото и лебот на литургијата стануваат едно, како на Последната вечера кога сите Исусови зборови, сите знаци кои ги направил се засилија во чинот на кршењето на лебот и принесувањето на чашата, што е предвкус на жртвата на крстот, и во оние зборови: „Земете и јадете, ова е моето тело… Земете и пијте, ова е мојата крв.“

Чинот кој Исус го направи на Последаната вечера е најголема благодарност на Отецот за неговата љубов, за неговото милосрдие. „Благодарност“ на грчки значи „евхаристија“. И затоа таа света Тајна се нарекува евхаристија: таа е најголемиот израз на благодарност на Отецот кој нѐ љуби толку многу, што од љубов кон нас ни го дава својот Син. Еве зошто изразот евхаристија го сумира во себе целиот чин кој исто така е чин на Бог и човекот, чин на Исус Христос, вистинскиот Бог и вистински човек.

Поради тоа, евхаристиското славење е нешто многу повеќе од едноставна гозба: тоа е спомен – чин на Исусовата Пасха, централното таинство на спасението. „Спомен – чин“ не значи само сеќавање, туку значи дека секој пат кога ја славиме таа света Тајна стануваме учесници во таинството на Христовата мака, смртта и воскресението. Евхаристијата претставува врв на Божјите дела за спасение: Господ Исус, претворајќи се во прекршен леб за нас го излева на нас целото свое милосрдие и својата љубов, така за да го обнови нашето срце, нашиот живот и нашиот однос со Него и со браќата. Поради тоа обично кога се пристапува на таа света Тајна се вели дека „прима причест“, „се причестува“ (израз на италјански за причест е “Comunione и латински е communio” и значи „заедништво“”соучество”,): со силата на Светиот Дух, учествувањето на евхаристиската гозба нѐ сообразува на единствен и длабок начин со Христос и ни дава веќе сега предвкус на полното заедништво со Отецот кој ја карактеризира Небесната гозба, каде заедно со сите светци ќе имаме неопишлива радост на гледање на Бог лице во лице.

Драги пријатели, нема да можеме никогаш доволно да му заблагодариме на Господ за дарот кој ни го даде со евхаристијата! Тоа е голем дар и поради тоа е важно да одиме на неделна литургија. Да одиме на литургија не само да молиме, туку и да примиме причест, тој леб кој е Телото на Исус Христос кој нѐ спасува, ни простува, нѐ соединува со Отецот. Убаво е тоа да го правиме! И секоја недела да одиме на литургија затоа што тој е ден на Господовото воскресение. Затоа неделата е толку важна за нас. И со евхаристијата ја чувствуваме таа припадност на Црквата, на Божјот народ, на Божјото Тело, Исус Христсос. Никогаш нема да ја сфатиме целата нејзина вредност и богатство. Затоа да го молиме Господ да продолжи да ја одржува жива неговата присутност во Црквата и да ја обликува нашата заедница во љубовта и заедништвото, по срцето на Отецот. И тоа се прави целиот живот, но почнува да се прави на денот на Првата причест. Важно е децата добро да се подготват за Првата причест и тоа да го направат сите деца затоа што тој е првиот чекор и силна припадност на Исус Христос по крштението и миропомазанието.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот