Роберт Шуман таткото на обединета Европа на патот на светоста

Роберт Шуман таткото на обединета Европа на патот на светоста

Папата Фрањо го одобри објавувањето на Декретот со кои се признаваат херојските крепости на Роберт Шуман и така станува чесен слуга Божји.

Користејќи се со суровина на јаглен и легура на железо како што е челикот политичарот Роберт Шуман ги стави темелите на обединета Европа. Било 16.00 часот 9 мај 1950 година кога Шуман тогашен француски министер на надворешни работи ја лансирал идејата која во неколку месеци ќе го промени status quo ситуацијата. Неговата замисла била да го стави француско-германското производство на јаглен и челик под наднационална власт отворена за пристапување на други држави.

Која била целта на тоа? Да се отстрани од грбот на повоена Европа товарот на залудна економска војна и да се замени со многу корисното начело дека ако ресурсите се делат сите ќе растат и на сите ќе им биде подобро. Таа идеја била мелем за раните на стариот континент, а денес историјата нѐ учи дека „Европската заедница на јаглен и челик“ создадена во 1951 година е всушност првиот темел кој после повеќе децении ќе доведе до создавање на Европската Унија.

Идниот татко на обединета Европа роден во 1886 година по занимање адвокат бил вреден христијанин. Кога имал 25 години се занимавал со најсиромашните деца, за оние кои немале никого и кои преживевале од измама. Вилиброрд Бензлер кој ќе стане епископ на Мец го сакал на местото претеседател на Бискупскиот сојуз на католички здруженија на млади. Во 1913 година била 60 годиншнина од „Денот на Католици“, конгрес на германските католици кој таа година се одржувал во Мец. Шуман бил вклучен во организацијата и сонот за обединета Европа заснована на солидарноста и зачувувањето на мирот во светот во него станала цел на политичката кариера започната во 1919 година.

Помеѓу двете војни се занимавал со законодавна интеграција на Елзаa и Лоренa после припојувањето на Франција и енергично се ангажирал за заштита на Конкордатот со Светиот Престол и општествената праведност. Годините на Втората светска војна биле многу тешки – најпрво заробеник на гестапо, а потоа бегство и години на сокривање, а потоа повторно во францускиот парламент и влада како министер за финансии, премиер и министер за надоврешни работи – но секогаш во стилот на служител на јавните работи. Сѐ до 25 март 1957 година денот на Римскиот договор со здружувањето со Аденауер и Де Гаспери и изборот, акламацијата за прв претседател на Европскиот парламент.

Зад делувањето на таа јавна личност се наоѓа внатрешноста на човек кој ги живее светите Тајни кои кога е во можност ќе се сокрие во некоја опатија и кој размислува за светото Слово пред да го пронајде обликот на своите политички зборови. Неговото наследство папата Фрањо го сумираше во пладневниот наговор после молитвата Царице небесна на 10 мај 2020 година ден по 70 годишнината од Шумановата декларација. Од тогаш доаѓа – потсети Папата, долг период на стабилност и мир кој денес го уживаме. Од тука доаѓа пример кој може да ги вдахне оние кои имаат одговорност во Европската унија повикани во духот на слогата и соработката да се соочат со општествените и економските последици предизвикани од пандемијата – рече тогаш папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот