Прва света Причест во Гевгелија
Гевгелија, 10.6.2013 /к.мк/ – Во недела 9 јуни во парохијата свети Петар и Павле – Гевгелија три деца од парохијата за прв пат во нивните души го примија Исуса во светата Причест. Овој ден е еден од најважните моменти од животот на овие деца, а воедно е и голема радост за целата наша парохија, родителите и роднините.
Под водство на сестра Бернардина Сирачева првопричесниците за овој голем ден од нивниот живот се подготвуваа две години. Во проведта за време на светата Литургија парохот о. Димитар Ташев ја истакна Христовата љубов кон нас.
Со заплени свеќи и коленичејќи децата првопричесници ги обновија своите крштелни завети, ветувајќи дека ќе го сакаат Исус и дека ќе се чуваат од секој грев.
Свеченоста заврши со рецитал молејќи го Исус да остане секогаш во нив.