Средба на младите во пресрет на Светскиот ден на Младите во Краков

Во парохиската сала на црквата „Свети Иван Крстител“ во Струмица, на 25 јуни со се одржа еднодневна средба за Светскиот ден на Младите во Краков, која беше од духовно-информативен карактер.

Средбата ја отвори о. Ѓорги Динов, парох во Секирник, а потоа програмата продолжи водена од о. Јошт Мезег, капелан во катедралната парохија во Скопје, о. Томаш Ба , свештеник во Куманово, о. Ѓорги Динов и Дарко Мајдиќ, од Неокатекуменскиот Пат во Куманово.

На почетокот, о. Јошт ги воведе младите објаснувајќи ги прашањата на Исус Христос упатени кон апостолите: „Што вели народот, Кој сум Јас?“ (Лк. 9, 18) и „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ (Лк. 9, 20). Потоа о. Томаш со презентација ја претстави историјата и најзначајните знаменитости во Полска, и животите на некои од светците од Полска. Младите преку работа со групи ја анализираа пораката на Папата упатена до младите за Светскиот ден на млади во Краков.

Во вториот дел од оваа средба о. Ѓорги Динов предводеше работилница, во која младите беа поделени во четири групи размислувајќи и дискутирајќи за теми поврзани со милосрдието, а после тоа пред останатите присутни ја презентираа својата работа.

Средбата заврши со молење на официјалната молитва и химна преведени на македонски јазик за овој Светски ден на младите во Краков.

к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот