Папата ќе се сретне со американскиот претседател Трамп

Папата ќе се сретне со американскиот претседател Трамп

Папата Фрањо ќе го прими американскиот претседател Доналд Трамп на 24 мај 2017 година– објавено е од Ватикан. Во 8.30 часот папата Фрањо ќе го прими американскиот претседател, а потоа следува средба и со Државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, како и со секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Галагер.

Повеќе детали за средбата не се дадени, додека американски медиуми и советници на Трамп повеќе пати во изминатите месеци најавуваа дека е можна средба на со Папата за време на патувањето на Трамп во Европа на Нато самитот (25 мај) и Г7 Самитот во Сицилија (26 и 27 мај)

 РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот