60 години од енцикликата „Pacem in Terris“: Поседувањето нуклеарно оружје е неморално

60 години од енцикликата „Pacem in Terris“: Поседувањето нуклеарно оружје е неморално

Свет без нуклеарно оружје е можен и неопходен, истакна повторно папата Фрањо во пораката до кардиналот Петер Турксон, канцелар на Папската академија за општествени науки и учесниците на меѓународната конференција по повод 60-годишнината од енцикликата Pacem in Terris на Свети Иван XXIII, одржана на 19 и 20 септември во Ватикан под наслов „Војната и други пречки за мирот“

Треба да ја одржиме жива визијата дека свет без нуклеарно оружје е можен и неопходен, а убеден сум дека употребата на нуклеарна енергија за воени цели е неморална, исто како што е неморално поседувањето нуклеарно оружје – го повтори своето убедување папата Фрањо кое го искажа во јануари 2022 година. пред почетокот на војната во Украина, во традиционалниот говор на почетокот на годината упатен до Дипломатскиот кор акредитиран во Светиот Престол, како и на 24 ноември 2019 година во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима.

Папата Фрањо охрабрува да се слушнат пророчките зборови на папата Иван XXIII. содржани во енцикликата Pacem in Terris, во која тој истакнува дека, во поглед на застрашувачката деструктивна моќ на модерното оружје, уште поочигледно е дека односите меѓу државите, како и меѓу поединците, не треба да се регулираат со вооружена сила, туку според принципите на вистината, правдата, како и со силна и искрена соработка.

Денес како и пред 60 години кубанската ракетна криза

Во пораката упатена до кардиналот Петер Турскон, канцелар на Папската академија за општествени науки и учесниците на дводневната меѓународна конференција на тема „Војната и други пречки за мирот“ што се одржа по повод 60-годишнината од енцикликата Pacem in Terris, која заврши на 20 септември, папата Фрањо истакна дека сегашниот момент вознемирувачки потсетува на периодот што претходеше на енцикликата Pacem in Terris и кубанската ракетна криза, која во октомври 1962 година го доведе светот на работ на масовно нуклеарно уништување.

За жал, во последниве години – забележа Папата во пораката упатена до научниците собрани од Папската академија и Институтот за мировни истражувања во Осло – нуклеарното оружје се зголеми во број и моќ, а се зголемени и другите воени технологии, па дури во опасност е и консензусот за забрана хемиско и биолошко оружје. Затоа – истакна Папата – се уште е важна работата на Обединетите нации и слични организации во сензибилизирањето на јавното мислење и промовирањето на соодветни регулаторни мерки.

Конвенционалното оружје треба да се користи само за одбрана, а не против цивили

Освен тоа, грижата за моралните последици од нуклеарната војна не смее да ги стави во втор план сè поитните етички проблеми кои се поттикнати од употребата на таканареченото конвенционално оружје во модерното војување, кое треба да се користи само за одбранбени цели, а не да биде насочено на цивилни цели – предупреди Папата.

На крајот, тој истакна дека е многу препорачливо конференцијата да ги посвети своите мисли на оние делови од енцикликата Pacem in Terris кои зборуваат за разоружувањето и патиштата за траен мир и изрази надеж дека заклучоците од таа средба, покрај анализата на тековните воени и технолошки закани за мирот, ќе вклучи етичко размислување за сериозните ризици поврзани со континуираното поседување нуклеарно оружје, за итната потреба за обновен напредок во разоружувањето и за развојот на иницијативи за градење мир.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот