Во Струмица започнуваат катехезите на Неокатехуменскиот пат

Во Струмица започнуваат катехезите на Неокатехуменскиот пат

Од 2 март 2020 година со почеток во 20.00 часот во Катедралната црква Успение на Пресвета Богородица – Струмица започнуваат Катехезите на Неокатеуменскиот пат, кои ќе се одржуваат секој понеделник, четрвток и недела.

На нив се повикани, млади и возрасни и сите кои сакаат да го запознаат Исус Христос.

Неокатехуменскиот пат во Струмица е присутен скоро 25 години во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ и низ овие години катехезите ги имаат слушнато околу 500 луѓе.

Ова движење во Црквата е започнато пред 50 години во Шпанија, а негови зачетници се Кико Аргуељо и Кармен Хернандез, на кои покасно им се приклучува и отец Марио Пеци.

Статутите на Неокатехуменскиот пат дефинитивно се одобрени од Црквата со Декрет од Папскиот совет за лаици, од 11 мај 2008 година, потпишан од кардинал Станислав Рилко, претседател на Советот.

Во повеќе наврати и на различни начини светиот папа Иван Павле II го истакнува изобилството на плодовите од радикалното живеење на Евангелието, како и мисионерскиот жар, кој Неокатехуменскиот пат го внесува во животот на верниците лаици, семејствата, парохиските заедници, како и изобилството на свештенички и монашки живот, поради што се нарекува и „итинерариј за католичка формација корисно за општеството и денешното време. (сп. AAS 82 [1990] 1515-1515)

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот