Парох од Алепо: Благодарни сме на Папата за неговиот гест на љубов кон Сирија

Парох од Алепо: Благодарни сме на Папата за неговиот гест на љубов кон Сирија

Папата Фрањо честопати се обраќаше на нашата земја нарекувајќи ја  „моја сакана Сирија“ и никогаш нѐ не заборави.

Отецот Фирас Лутфи, парох во Алепо, во Сирија, со надеж гледа на новиот апел на Папата за мир. Ние сме благодарни на Светиот Отец за неговиот непосреден ангажман – истакна тој за Радио Ватикан. Тој честопати се обраќаше на нашата земја нарекувајќи ја  „мојата сакана Сирија“ и никогаш нѐ не заборави. Веста дека тој испрати писмо до претседателот Асад, ја добивме вчера (22 јули 2019), токму на денот кога на само  неколку километри од Алепо паднаа нови проектили. Убија десетици граѓани, вклучувајќи и деца.

Во Идлиб, хуманитарната криза е поголема отколку на друго место што се однесува до христијаните, бидејќи џихадистите ги изнесоа од куќата и ги убија. Последниот случај се случи пред една недела. Една учителка христијанка била силувана, а потоа каменувана. Ситуацијата е навистина загрижувачка – рече отец Лутфи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот