Кардинал Зенари за заборавената Сирија

Кардинал Зенари за заборавената Сирија

Апостолскиот нунциј во Сирија, кардинал Марио Зенари, во интервју за Osservatore Romano предупреди дека војната во Сирија исчезна од насловите по десет години, но страдањата на луѓето се уште траат – тие страдаат од студ, глад и недостаток од сè.

Кардиналот ги посочува податоците на Обединетите нации дека девет од десет луѓе во Сирија живеат под прагот на сиромаштија. Истакнувајќи дека Католичката црква во Сирија како Самарјанин гледа 13 милиони луѓе кои гладуваат и страдаат од студ. Кардиналот раскажа дека неодамна посетил бегалски камп каде снегот срушил шатори, едно дете починало од товарот, а повеќе бебиња замрзнале. Тоа е секојдневието кое Црквата го гледа во Сирија, предупредувајќи ја меѓународната заедница.

Кардиналот Зенари, кој деновиве престојуваше во Рим на собранието на Конгрегацијата за Источни Цркви, објави дека во март е договорена седница во Дамаск, на која ќе присуствуваат и членовите на Куријата. Иницијативата беше поттикната од префектот на Конгрегацијата, кардинал Леонардо Сандри, а ќе се разговара и на темата „Милосрдие и синодалност“.

Ситуацијата во Сирија е очигледна за секој што сака да види, ни треба креативност на љубовта, треба да направиме нешто, треба да бидеме активни. Соочени со оваа хуманитарна катастрофа, мора да развиеме љубов кон ближниот и „да гледаме со срце“, рече нунцијот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот