Папата Фрањо и главниот римски рабин Ди Сегни разменија честитки

Папата Фрањо и главниот римски рабин Ди Сегни разменија честитки

По повод еврејската Пасха, папата Фрањо упати честитка до главниот римски рабин, Рикардо Ди Сегнија, кој пак од своја страна, упати до Светиот Отец воскресна честитка, посакувајќи зајакнување на односите на пријателство и соработка.

Со својот благослов нека ве прати Бог на милосрдието и нека ви подари мир и слога – напиша папата Фрањо во пораката со честитка упатена до главниот римски рабин по повод еврејскиот празник Пасха. Обновувајќи ја, во оваа радосна пригода, пријателската врска и ангажирањето за оние во најголема потреба во нашето општество, го гарантирам својот спомен и ве молам и понатаму да се молете за мене – напиша папата Фрањо.

И рабинот Ди Сегни  упати до Папата своја лична честитка. По повод претстојните воскресни празници – стои во рачно напишаната порака – ви благодарам и ви возвраќам на срдечните желби за радост, мир, здравје, како и за зајакнување на плодните односи на пријателство и соработка. Вашите молитви за добро нека

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот