Од вљубеност до зрела љубов: Порака на Папата до свршениците

Од вљубеност до зрела љубов: Порака на Папата до свршениците

Продолжувајќи со катехезите за свети Јосиф, папата Фрањо на Генералната аудиенција на 1 декември им се обрати на сите свршеници и младенци за да размислат за преминот од „волшебноста“ што ја карактеризира вљубеноста до зрелата љубов која е трајна.

На Генералната аудиенција, папата Фрањо размислуваше за свети Јосиф како праведник и свршеник на Пресвета Богородица.

Свети Јосиф, праведник

Осврнувајќи се на Евангелието по Матеј, Папата истакна дека во древниот Израел свршувачките биле дел од брачните обичаи. Жената, иако продолжува да живее во домот на нејзините родители, веќе се сметала за „сопруга“ на нејзиниот свршеник. Кога Марија се наоѓа во благословена состојба, била изложена за оптужба за прељуба, а Јосиф ‘праведникот’ следејќи го законот, воедно одлучил од љубов кон Марија да не ја изложува на строгоста на законот, туку сакал потајно да ја отпушти.

Божјиот глас интервенира

Меѓутоа, во тој момент на Јосиф му се јавува ангел. Како што објасни Светиот Отец – Божјиот глас интервенира во расудувањето на Јосиф. Папата ја истакна важноста секој од нас да негува праведен живот, а воедно и да ја препознае потребата од Божја помош како би ги разгледале животните ситуации од поширока перспектива.

Бидејќи биле свршени, Марија и Јосиф веројатно негувале соништа и очекувања за својата иднина, рече Папата. Кога Бог „неочекувано“ се вмешал во нивните животи, иако им било тешко, и двајцата ги отвориле срцата за реалноста што им била поставена.

Почеток на вистинската љубов

Животот често не е онаков каков што го замислуваме, истакна Папата, може да биде тешко да се премине од „вљубување“ во „логиката на зрела љубов“. Вљубеноста е обележана со еден вид „волшебност“, која со тек на времето исчезнува. Но, токму кога ќе престане тој прво љубовен занес, започнува вистинската љубов, рече Папата. Љубовта не значи дека друга личност или нашиот живот треба да одговараат на нашата фантазија, туку дека избираме во целосна слобода да ја преземеме одговорноста за животот каков и да е, како што направи Јосиф кога, по Божја заповед, избра да ја земе Марија за своја сопруга.

Повикот до христијанските свршеници

Христијанските свршеници се повикани да сведочат за една ваква љубов, која има храброст да премине од логика на вљубеност во логика на зрела љубов, продолжи Папата. Љубовта на еден пат напредува во животот и созрева секој ден. Папата го повтори советот до свршениците никогаш да не дозволат денот да заврши без да се помират со брачниот другар.

Молитва до свети Јосиф

На крајот, папата Фрањо уште еднаш ја заврши катехезата со молитва до свети Јосиф:

Свети Јосифе,

ти што ја сакаше Марија во слобода

и одлучи да се откажеш од своите фантазии и да отстапиш местото на реалноста, помогни му на секој од нас да дозволи Бог да не изненади

и да го прифатиме животот не како нешто непредвидливо што треба да се заштити,

туку како таинство што ја крие тајната на вистинската радост.

Задржи ја радоста и радикализмот на сите христијански свршеници,

секогаш свесни

дека само милоста и простувањето ја прават љубовта возможна. Амин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот