Монс. Галагер: Сиромашните мора да имаат пристап до енергија

Монс. Галагер: Сиромашните мора да имаат пристап до енергија

Секретарот за односи со државите одржа говор во склоп на Дијалогот на Обединетите нации на високо ниво за енергија, каде повика на разумни цени за енергетските услуги и етичка работна пракса и предупреди на штетното влијание на енергетското производство на животната средина.

Надбискупот Пол Ричард Галагер во склоп на Дијалогот на Обединетите нации на високо ниво за енергија истакна дека 759 милиони луѓе на светот живеат без струја, што поттикнува на размислување за тоа како нивниот живот изгледа. Агендата за одржлив развој за 2030 треба да го отстрани сиромаштвото и гладот, но тоа мора да оди рака под рака со сигурноста дека секое семејство и домаќинство имаат пристап до сигурна енергија, истакна тој.

Пристапот до енергија зависи и од достапноста и од цената. Сиромашните дури и оние кои се наперифериите на развиените општества неретко не можат да си дозволат енергија потребна за секојдневниот живот. Затоа е неопходно да се има разумни цени, етичка работна пракса и субвенции за најсиромашните, рече секретарот. Треба да се промовираат енергетски системи и микро-мрежа за крајните потрошувачи на локално ниво и да се пружи на заедниците трајни енергетски структури. Понатаму треба да се всади почитување кон локалните култури и да се обезбедат начини на самостојно управување и одржувањето на сопствените енергетски ресурси во согласност со начелото на субсидијарност. Така ќе се избегне експлоатацијаата и зависноста од големите енергетски мрежи и бирократиите.

Надбискупот Галагер го сврте вниманието и на штетното влијание кое производството на енергијата го има на животната средина. Го загадува воздухот, водата, почвата, екосистемите и климата. Исто како што е нееднаков пристапот до енергија, така се и нееднакви последиците од енергетското производство. Нееднаквото влијание кое ги погодува сиромашните и ранливите луѓе во некои околности доведува и до општествени немири, негативно влијание на здравјето, конфликт и голем број на кршење на човековите права. Покрај тоа, климатските промени го нарушуваат земјоделскиот сектор, ја зголемуваат несигурноста и оскудицата за вода, ја зголемуваат изложеноста на екстремни временски услови и така оневозможуваат стекнување на средства за живот и оринудуваат многумина да ги напуштат своите домови и да мигрираат, рече монс. Галагер.

Секретарот за односи со државите го заврши говорот цитирајќи од енцикликата „Лаудато Си“ повикувајќи на праведна енергетска транзиција. Таа би требало да се стреми на поинтелигентно, поефикасно и помирно производство, управување и потрошувачка на енергија, посебно во подрачјата склони на расипување. Говорот го заврши со зборовите на папата Фрањо од 2018 година кога се обрати на лидерите во секторот поврзан со нафтата, плинот и другите извори на енергија: „Цивилизацијата бара енергија, но употребата на енергијата не смее да ја уништи цивилизацијата!“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот