Папата Фрањо ја благослови статуата на блажениот Карло Акутис, која ќе биде поставена едно сиропиталиште во Каиро.
Папата Фрањо ги прими во Генерална аудиенција родителите на блажениот Карло Акутис, Андре и Антонио, како и помладите браќа на блажените Карло и Франческо и неговата сестра Микеле. Тој ја благослови и статуата на Блажениот.
Статуата е изработена од Матео и Даниел Ператонер, уметници од северна Италија, специјализирани за резба во дрво. Статуата го прикажува блажениот Акутис во црвена поло маица и патики и агнец на градите до неговото срце.
– Неговото сведоштво покажува на денешната младина дека вистинската среќа се постигнува кога ќе се стави Бог на прво место и да му се служи на Него, служејќи им на нашите браќа и сестри, посебно на најмладите – рече папата фрањо.
Статуата ќе биде испратена во сиропиталиште во Каиро, управувано од „ Друштво Детето Исус“. Претходно, папата Фрањо донираше копија од Пиета на Микеланџело на оваа институција. Водителот на „Друштвото Детето Исус“ во Каиро е отец Јоанис Лахи Гаид, кој беше личен секретар на папата до 2020 година.
Ватикан њуз/к.мк