Пред две години е убиен отец Жак Хамел

Пред две години е убиен отец Жак Хамел

Убиен додека служеше света Литургија. Неговиот пример е како оној на бројните маченици христијани во светот.

На суров начин го убија две момчиња припадници само прогласената Исламска држава, додека служел света Литургија во Руен, на северот од Франција. Така пред две години почина отец Жак Хамел, благ и добар човек кој се заземал за братство – како што рече папата Фрањо на светата Литургија задушница, служена на 14 септември 2016 година во домот Света Марта, во присуство на родинините на тој 86 годишен свештеник и ходочасниците кои беа дојдени во Рим со епископот на Руен монс. Доминик Лебрун.

Еден од бројните маченици

Тој е христијанин маченик меѓу многуте во денешната Црква, кои се убиени, мачени и затворани заради тоа што не сакаат да се откажат од Исуса Христа; цела низа – рече пред две години Папата. Таа низа се протега до отец Жак чиј пат кон беатификацијата започна на 13 април 2017 година, благодарение на папското разрешение за петте години потребни за отворање на постапката. Постулатор на каузата е отец Пол Вигуру – рече надбискупот Лебрун и додава дека се пронајдени стотина проповеди кои ги напишал отец Хамел; кратки, уредни кои едноставно неуморно го толкуваат Евангелието.

Мачеништвото е сведоштво

Омразата не победила и нема да победи – истакна спомнувајќи си на смртта на отец Хамел халдејскиот свештеник отец Ребвар Аудиш Баса сведок на убиствата на голем број свештеници во измачениот Ирак. Од нив научив дека љубовта победува; ние сме за животот, а не за смртта. Мачениците се чесни луѓе кои одат по Господовиот пат подготвени да го дадат својот живот за братот – рече отец Баса. Коментирајќи го пак зборот „мачеништво“ и потсетувајќи на првичното значење, а тоа е „сведоштво“, отец Баса истакна дека секој ден многу христијани го губат животот често во тишина и рамнодушноста на меѓународната заедница. Тоа се случува во Ирак, Пакистан, Филипините, во Африка – рече и истакна: Што се однесува пак на пример до ирачкото малцинство успеавме да издржиме благодарение на солидарноста на Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот