Папата Фрањо: Светлината на Евангелието нека ја осветли Европа

„Еден од најголемите предизвици за Црквата во Европа е изнаоѓање на ефикасни начини за светлината на Евангелието да ги осветли начините за решавање на проблеми на континентот“. Ова го пишува папата Фрањо во пораката до вторите по ред „Социјални денови за Европа“, кои се одржуваат од 18 до 21 септември во Мадрид, Шпанија. Пораката беше прочитана од отец Патрик Дели, Генерален секретар на Комисијата на епископски конференции од Европската Унија (КЕКЕО).

„Во овој предизвик, учеството на сите верници, под раководство на Советот на европските епископски конференции (СЕЕК) и Комисијата на епископски конференции од Европската унија (КЕКЕО), е повеќе од потребно, пишува Папата во пораката. Апостолското писмо „Evangelii Gaudim“, стои во пораката, „нѐ потсетува дека од суштината на Евангелието ја распознаваме сокриената врска меѓу евангелизацијата и човечкото охрабрување“. Оттука и повикот за наоѓање, преку светлината на Евангелието, на нови и конкретни патишта, кои ќе одговорат на различните пасторални барања.

Светиот Отец ги охрабрува учесниците на социјалните денови да го „продлабочат барањето на светоста преку убедлива и постојана молитва и личното обраќање“. „Во различи делови во општеството давајте доследно и радосно сведоштво, кое ќе го разбуди човечкото сознание дека привремените богатства и уредувања на општеството треба да бидат во служба на човекот и на неговото крајно исполнување во Бог“.

Папата Фрањо упатува молитва за „овој настан во преден план да ги стави начините на кои верата нè гони да ја предаваме љубовта на Црквата за сиромашните, за прогонетите, за оние кои се принудени да ги напуштат своите родни домови и барателите на азил во Европа“. Една Црква, која „придава поголемо внимание на материјалните потреби на страдалниците ќе научи поубедливо да ја навестува вистината и спасението за гладните и жедните, за живот вечен и на оние кои „бараат од вас сметка за вашата надеж“ (1Петар 3, 15).

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан, Свет

За авторот