Папата Фрањо одобри промена на параграфот 2267 од Катехизмот на Црквата

Папата Фрањо одобри промена на параграфот 2267 од Катехизмот на Црквата

Црквата учи во светлината на Евангелието, дека смртната казна е недозволива затоа што ја загрозува неповредливоста и достоинството на личноста, и одлучно се зазема за нејзино укинување во целиот свет – е новиот текст на параграфот во Катехизмот на Католичката Црква кој зборува за смртната казна.

Папата Фрањо со посебен рескрипт ја одобри промената на бројот 2267 во Катехизмот на Католичката Црква кој се однесува на смртната казна, Новиот текст гласи:

Долго време, употребата на смртната казна од страна на легитимните власти по редовното судење се сметаше за соодветен одговор на тежината на некои кривични дела и прифатлива, иако екстремна, средство за заштита на општото добро. Денес владее сѐ поголема свест дека достоинството на човекот не се губи ниту по извршените тешки кривични дела. Освен тоа се рашири ново сфаќање за смислата на казнените санкции од страна на државата. И на крајот се утврдени поефикасни системи на затвори кој ја гарантираат правилната заштита на граѓаните, но истовремено не ја одземаат можноста на крајот сторителот да се поправи. Заради тоа Црквата учи во светлината на Евангелието, дека „смртната казна е недозволива затоа што ја загрозува неповредливоста и достоинството на личноста и одлучно се зазема за нејзино укинување во целиот свет.“

Цитатот во наведениот текст е земен од говорот на папата Фрањо до учесниците на средбата која ја поттикна Папскиот совет за промовирање нова евангелизација одржана на 11 октомври минатата година; промената Папата ја одобри примајќи го во аудиенција префектот на Конгрегацијата за наука на верата кардиналот Луис Ф. Ладарија, на 11 мај оваа година, а ја потпиша на 1 август на празникот свети Алфонс Марија де Лигуори.

Рескриптот на Папата е придружен со писмо на кардиналот Ладари префектот на Конгрегацијата за наука на верата, до епископите во целиот свет, во кое објаснува дека новата формулација на број 2267 во Катехизмот на Католичката Црква покажува вистински развој на науката која не е во спротивност со поранешната наука на Научителството. Имено тоа може да се објасни во светлина на примарната одговорност на јавните власти во заштитатата на општото добро во општествениот контекст во кој казнените одредбио поинаку се сфаќале и кои се одредувале во средини во кои било тешко да се загарантира дека сторителот нема да го повтори кривичното дело.

Апел на Папата за уникување на смртната казна

Освен тоа, кардиналот потсети дека папата Фрањо побарал упатството за смртната казна да се преобликува во говор, кој го одржа во октомври минатата година, по повод 25 годишнината од објавувањето на Апостолската конституција ‘Fidei depositum’ со која папата Иван Павле II. го објави Катехизмот на Католичката Црква, и на тој начин подобро да се опфати развојот на науката која до тој степен дојде во последно време и тоа во светло на сѐ поголемата свест во Црквата за должното почитување на секој човечки живот.

Во тој развој – истакна кардинал Ладарија – многу е важна науката од енцикликата ‘Evangelium vitae’ од папата Иван Павле II, во која меѓу знаците на надеж во новата цивилизација на живот го вбројува сѐ повеќе раширената несклоност на јавното мислење за смртната казна. Папата Војтила во Божиќната порака 1998 година посака согласност во целиот свет што се однесува за итните и одговарачки мери (…) како би се укинала смртната казна.

Кратко после тоа во јануари 1999 година во Соединетите Американски држави го повтори дека достоинството на човечкиот живот не смее никогаш да се погази, па ниту на оној кој направил зло. Современото општество поседува инструменти за заштита, не негирајќи ги сите можности на злосторнците да ги признаат своите грешки. Го повторувам апелот кој го упатив за Божиќ, како би се донела одлука за укинување на смртната казна која е сурова и бескорисна – истакна тогаш папата Иван Павле II.

Бенедикт XVI: да се укиние смртната казна

Заземањето за укинување на смртната казна продолжи и со папата Бенедикт XVI, кој привлече внимание на одговорните од општеството за потребата да се направи сѐ што е можно за укинување на смртната казна.

Должност на властите за заштита на животот на граѓаните

Новиот текст во бројот 2267 во Катехизмот на Католичката Црква, кој го одобри папата Фрањо се надоврзува на претходното Научителство и продолжува со доследниот развој на католичката наука, одржувајќи го постојано принципот дека и понатаму важи должноста на јавните власти да го штитат животот на граѓаните, како што Научителството на Црквата отсекогаш поучува и како што тоа го потврдува Катехизмот на Католичката Црка во броевите 2265 и 2266. Новиот текст сака да биде поттик за одлучо ангажирање, исто така и преку дијалог со политичките власти, како би се поттикнал менталитет кој го признава достоинството на секој човечки живот и да се создадат услови, веќе денес, да се отстрани правниот институт смртна казна таму каде сѐ уште е во сила – истакна на крајот кардинал Ладарија.

РВ/к.мк

Таг: Смртна казна

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот