Соопштение од состанокот на Кардиналскиот совет

Соопштение од состанокот на Кардиналскиот совет

Состанокот на Кардиналскиот совет се одржа на 24 и 25 април. Заедно со Светиот Отец присуствуваа и сите кардинали учесници во работата на Советот и секретарот на Советот, соопшти во среда, 26 април 2023 година, Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во центар на разговорот беа ситуациите на војна и конфликт кои влијаат на многу делови од светот, како и потребата сите во Црквата да работат заедно во изградбата за мир.

Меѓу другите теми на кои се разговараше, освен општествено-политичките и црковните прилики во различните региони од кои потекнуваат кардиналите, беа и подготовките за синодалниот собор во октомври и реализација на Апостолската конституција Praedicate evangelium, со посебен осврт напорите со работата на реформите, кои се спроведуваат во Римската курија, да се прелеат и на различни нивоа.

Следниот состанок ќе биде во јуни годинава.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот