По повод првата годишнина од ескалацијата на војната во Украина, 24 февруари 2023 година, папата Фрањо присуствуваше на ватиканската проекција на документарниот филм „Слобода во пламен: Украинската борба за слобода“.
Филмот, кој го промовираше режисерот Евгениј Афинеевски, беше емитуван во новата синодална сала, на годишнината од она што папата Фрањо го дефинира како апсурдна војнa. Зошто не можеме да живееме во мир? Толку е едноставно … Во својата наивност, во документарецот трогателно со треперлив глас една Украинка поставува прашање до Папата, Црквата и светот.
Папата и малиот Свјатослав
На проекцијата учествуваше и самиот Папа, кој седеше во задниот ред, а на крајот од проекцијата се сретна со некои од протагонистите на филмот. Меѓу нив беше и Ања Заицева, сопруга на заробен војник, која седеше десно од Папата со малиот Свјатослав во раце, кој има една година и четири месеци, и кој си играше со Папата додека го гледаше документарниот филм. Папата Фрањо повремено се вртеше кон него и се насмевнуваше или го галеше.
Поздрав до присутните
Папата ги поздрави присутните 240-те гости: сиромашни, бегалци и членови на украинската заедница во Рим, кои беа поканети од режисерот. Имаше и претставници на здруженијата кои обезбедуваат помош, како и Папскиот делител на милостина кардинал Конрад Крајевски.
Ватикан њуз/к.мк