Нобеловката од Унгарија која ја унапреди вакцината mRNA стана член на Папската академија за живот

Нобеловката од Унгарија која ја унапреди вакцината mRNA стана член на Папската академија за живот

Откритијата на Каталин Карико го овозможија „развојот на поефикасни mRNA вакцини против КОВИД-19“.

Папата Фрањо ја именува унгарската биохемичарка Каталин Карико, добитничка на Нобеловата награда за медицина во 2023 година, за редовен член на Папската академија за живот.

Карико ја доби Нобеловата награда минатата година заедно со Дру Вајсман за „откритијата поврзани со модификациите на нуклеозидните бази кои го овозможија развојот на поефикасни mRNA вакцини против КОВИД-19“.

Угледната научничка по повод именувањето се огласи на својот Твитер профил. „Длабоко сум почестена што папата Фрањо ме назначи за член на Папската академија за живот. Минатата година одржав предавање за модерни биотехнологии во Ватикан. Беше возбудливо да се сретнам со папата Фрањо во приватна аудиенција заедно со моето семејство, тој ги благослови моите внуци“, напиша Карико.

Според статутот одобрен од папата Фрањо во 2016 година, редовните членови на Папската академија се избираат „врз основа на нивните академски квалификации, докажан професионален интегритет, професионална стручност и верно служење во одбраната и промовирањето на правото на живот на секоја човечка личност“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот