Во 2014 година Ватикан е посетен од шест милиони верници

Скоро шест милиони верници биле присутни на средбите со Папата на Плоштадот Свети Петар во Ватикан, односно 500.000 помалку од 2013 година, објавено е од Светиот Престол.

Околу 5.916.800 верници присуствувале 2014 година на Генералните аудиенции, Мисите или Ангелот Господов, благословот кој го дава Папата секоја недела на Плоштадот Свети Петар.

Бројката на поклоници оваа година е помал во споредба со 2013 година, кога во Ватикан присуствувале 6,6 милиони верници.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот