Папата се врати од Казахстан по тридневна посета

Папата се врати од Казахстан по тридневна посета

Папата Фрањо отпатува од Казахстан, завршувајќи го своето 38. Апостолско патување во странство.

На крајот од својата тридневна Апостолска посета на Република Казахстан, папата Фрањо во четврток, 15 септември 2022 година, попладне замина од централноазиската земја, со папскиот авион кој полета од меѓународниот аеродром Нур-Султан околу 17.17 часот по локално време.

Пред заминувањето на Папата претходеше свечено испраќање на аеродромот, каде што официјално беше испратен од претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев.

Светиот Отец последните три дена ги помина во главниот град на Казахстан, каде од 14 до 15 септември се одржа 7. Конгрес на поглаварите на светските и традиционалните религии.

Папата учествуваше на Меѓурелигискиот конгрес и им се обрати на учесниците за време на отворањето и пленарните седници во средата и на завршната седница во четврток.

Патувањето му даде можност на Папата да се сретне и со казахстанските власти, членовите на свештенството и верниците.

Централен настан на неговата посета беше светата Литургија, која Светиот Отец ја служеше на Експо Граунд во средата.

Светиот Отец пристигна во Рим во четврток 15 септември 2022 година, вечерта, околу 20.00 часот по средноевропско време.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот