Папата бара поголемо ангажирање во сузбивањето на трговијата со луѓе

Папата бара поголемо ангажирање во сузбивањето на трговијата со луѓе

„Миграција без трговија со луѓе. „Да“ на слободата! „Не“ на трговијата со луѓе!“ – е темата на Светскиот ден на молитвата и размислувањето со цел сузбивање на трговијата со луѓе, кој се одбележува на 8 февруари, на празникот света Џузепина Бакхита.

„Миграција без трговија со луѓе. „Да“ на слободата! „Не“ на трговијата со луѓе!“ – е темата на Светскиот ден на молитвата и размислувањето со цел сузбивање на трговијата со луѓе, кој се одбележува на 8 февруари, на празникот света Џузепина Бакхита, а ова папата Фрањо го спомна на Генералната аудиенција, на 7 февруари 2018 година, за да ги поттикне црковните и граѓанските заедници да станат свесни за тој проблем. Имајќи малку редовни канали, голем број мигранти се одлучуваат да се впуштат во тоа на други начини, а таму често ги очекува еден вид насилство, искористување и сведување на ропство – рече Папата.

Криминалните организации, кои се занимаваат со трговија со луѓе, ја користат миграциската рута за да ги прикријат своите жртви меѓу мигрантите и бегалците. Затоа ги повикувам сите, граѓаните и институциите, да ги обединат напорите за да се спречи трговијата со луѓе и да се загарантира заштитата и помошта на жртвите – рече папата Фрањо и поттикна на молитва: Да се молиме сите, Господ да ги преобрати срцата на трговците со луѓе, а оние кои страдаат заради тоа смртоносно зло да им даде надеж дека повторно ќе ја добијат слободата.

Миграциската криза која денес владее во Европа ја покажува длабоката криза на општите вредности на кои Унијата се темели, а проблемот со миграцијата изгледа дека стана важен камен на искушение за европските и националните политики. Од тоа тврдење поаѓа иницијативата на католичките здруженија, движења и организации кои се ангажираат на различни начини на подрачјето на миграцијата, за да се отвори простор за разговор на кој ќе се даде глас на потребите на граѓанскиот соживот и социјалната праведност.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот