Верата е темел на христијанскиот живот

Верата е „темел“ на христијанското искуство и христијанинот е повикан да сведочи на секој оној кој го нема примено тој дар и на кој му е потребна надеж. – поттикна Папата Фрањо на 25 ноември, примајќи на аудиенција 300 волонтери, кои соработуваа со Папскиот совет за нова евангелизација за настаните поврзани со Година на верата. Светиот Отец истакна дека христијанинот својата вера ја покажува преку трпењето, препуштајќи се Бог да го прими во свои раце.

Станува збор за великодушна служба, која ве поучи пред сѐ вас, да се отворите за средбите со другите, посебно со оние кои во животот се сиромашни во верата и надежта, рече Папата. Тоа е многу важно! – истакна и додаде – Многу зборуваме за сиромаштвото, но не мислиме секогаш на оние кои се сиромашни во верата, а ги има многу… Има многу луѓе на кои им е потребен човечки гест, насмевка, вистински збор, сведоштво преку кои можат да ја почувствуваат близината на Исус Христос – поттикна Светиот Отец.

Напомнувајќи дека сите заедно треба вистински да му благодариме на Господ за духовната сила и апостолскиот жар, кои во минатите месеци поттикнаа бројни пасторални нанстани, како во Рим, така и во сите делови од светото. Папата истакна дека сме сведоци како Христос може да ги стопли срцата, станувајќи движечка сила на новата евангелизација. А денес од било кога се потребни христијански заедници кои допираат до луѓето во нивните средини, па и оние најтешките, сведочејќи за верата во Исус – напомна Светиот Отец.

Верата е неисцрпна вена на целото наше делување, во семејството, работата, парохијата, со пријателите, во различни општествени средини – истакна Папата и додаде – А таа цврста, вистинска вера се гледа посебно во моментите на тешкотии и искушенија; христијанинот тогаш дозволува Бог да го земе во раце, да се прилепи до Него, сигурен дека се проверува љубовта која е силна како неуништлива карпа. Токму во моментите на трпење, ако понизно се препуштиме на Бог, можеме да дадеме добро сведоштво – рече на крајот Папата Фрањо.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот