Папата Фрањо во недела, 29 октомври се помоли за крај на насилството во Светата Земја, особено во Газа каде што се одвива хуманитарна катастрофа, како и за ослободување на израелските заложници кои ги држи Хамас.
Во недела, 29 октомври 2023 година, Светиот Отец повика на прекин на насилството во Светата Земја.
Обраќајќи им се на верниците собрани на плоштадот Свети Петар на неделната молитва Ангел Господов, Папата ги повика сите да продолжат да се молат за страшната ситуација што се случува во Израел и Палестина. Тој посебно побара да се дозволи хуманитарната помош да влезе во Газа и да се ослободат сите заложници.
Ситуацијата во Газа се интензивира во последните неколку дена. Потврдени се повеќе од 7.200 загинати од 7 октомври, откако Хамас започна напад врз Израел, кој потоа одговори со бомбардирање и копнена инвазија.
Запрете, браќа и сестри, повика Папата. Прекинете го огнот. Војната е секогаш пораз, секогаш.
Никој да не се откаже од можноста да го запре оружјето, нека престане огнот.
Ватикан њуз/к.мк