Апел на папата Фрањо на Денот за сеќавање на жртвите на холокаустот

Апел на папата Фрањо на Денот за сеќавање на жртвите на холокаустот

Папата Фрањо во среда 27 јануари 2021 година упати апел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на холокаустот: „Сеќавањето е услов за подобра иднина на мирот и братството“ – истакна Светиот Отец.

„Денес, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц, се слави Денот на сеќавање. Се сеќаваме на жртвите на холокаустот и на сите оние кои беа прогонувани и протерувани од нацистичкиот режим. Сеќавањето е израз на човекољубие. Сеќавањето е знак на цивилизираност. Сеќавањето е услов за подобра иднина на мирот и братството. Да се сеќаваш значи и будно да се внимава да не се повторуваат вакви работи, почнувајќи од идеолошки понуди со кои сака да спаси некој народ, а на крајот се уништува и тој народ и целиот свет. Обратете внимание на тоа како започна тој пат на смртта, истребувањето и суровоста“ – рече Папата во апелот на крајот од редовната Генерална аудиенција во средата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот