Папата Фрањо: Земјата за некои е мајка, а за некои извор за богатење
Треба да се отстранат бариерите што му штетат на земјоделството, но и прекумерното искористување на земјата, а обработувњето на земјата да има незначително влијание на животната средина – истакна Светиот Отец зборувајќи на претставниците на Италјанскиот сојуз на директните земјоделски производители кои ги прими во аудиенција по повод седумдесеттата годишнина од сојузот.
Папата на земјоделците им зборуваше за правилниот однос кон мајката – земја. Некои обработливата земја ја сметаат како средство за збогатување, не ги почитуваат нејзините биолошки циклуси и ѝ свртуваат грб кога не го дава тоа што од неа го очекуваат. Други пак со почит се однесуваат кон земјат бидејќи е „мајка“ и го храни човечкиот живот. Земјата за некои е мајка, а за некои е извор на богатство – рече Светиот Отец.
Зборувајќи пак за обработувањето на земјата, Папата го истакна христијанското гледање на земјоделството кое во текот на седумдесет години ја вдахнувало работата на сојузот на директни земјоделски произведувачи во Италија. Сојузот веќе седумдесет години се вдахнува од христијанската етика „промовирајќи го земјоделството со човечко лице исполнето со цврст и жив однос помеѓу човекот и земјата“ – рече папата Фрањо, додавајќи:
Без обработување на земјата го нема човештвото, добар живот нема без храната која земјата ја произведува за мажите и жените од сите континенти. Затоа земјоделството заслужува политичко и економско внимание. Треба да се отстранат бариерите кои штетат на скапоценото земјоделство, а од кое многумина со својот говор често ги оделуваат младите генерации. Освен тоа внимание треба да се посвети на зголеменото користење на обработливата земја за други цели кои можат да бидат повеќе профитабилни. И овде владее богот – пари, нели? А како што за некои бесчувствителни луѓе се вели дека го продаваат семејството и мајката овде пак е искушението да се продаде „мајката-земја“ – рече Папата.
Земјоделството пак е поврзано со „две драматични реалности“: со гладот и сиромаштијата – рече Светиот Отец истакнувајќи ја разликата помеѓу христијанското гледање на природните добра – според кое земските добра се наменети за сите човечки битија – и доминантниот економски систем кој Папата го осудува бидејќи „многумина исклучува од уживањето во природните добра.“
Безусловните пазарни правила и културата на отфрлање и расипаност која во случајот со храната достигна неприфатливи размери со другите фактори предизвикува беда и страдање на многу семејства. Затоа е неопходно длабоко да се промени системот за производството и распределба на храната. Со храната не треба да се шегува, велеа нашите дедовци – потсети Папата, додавајќи: дека како дете го учеле дека парчето леб кое ќе падне на подот секогаш бакни го пред да го ставиш на масата. Лебот на некој начин е составен дел на светоста на човечкиот живот и затоа со лебот не може да се постапува како со некоја стока – рече Светиот Отец.
Зборувајќи пак за климатските промени Папата рече дека земјата треба да ја чуваме онака како што секогаш ја чувале земјоделците. За да произведат добра храна за живот на сите кога е во опасност од климатската стабилност: кога воздухот, водата и земјата заради загадувањето ја губат својата чистота? Затоа е многу важно да се чува создаденото; затоа е важно сите држави што побргу да се договорат околу соработката во заштитата на околината – рече Папата додавајќи:
Вистински предизвик е да се оствари земјоделство кое нема да влијае на промена на животната средина; обработувањето и чувањето на земјата да оди во чекор, на идните генерации да им се овозможи живот на земјата и уживање во плодовите на планетата. Би сакал да упатам еден повик и еден предлог. Повикот е овој: да се обнови љубовта кон „мајката“ – земја – би кажал свети Фрањо – од која сме земени и во која ќе се вратиме. А од каде што потекнува и предлогот да се чува земјата, склопувајќи со неа сојуз дека и од сега според волјата Божја биде извор на живот за целото човечко семејство – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.