Папата Фрањо изрази сочувство по повод авионската несреќа во Танзанија

Папата Фрањо изрази сочувство по повод авионската несреќа во Танзанија

Папата Фрањо моли за жртвите од авионската несреќа во Танзанија што се случи во неделата.

По неделната авионска несреќа во Танзанија, папата Фрањо моли за жртвите и преживеаните и сите погодени од трагедијата и ја вети неговата близина.

Во телеграмата испратена до Апостолската нунцијатура во Танзанија, потпишана од државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин, се наведува дека Светиот Отец посебно се моли за вечен покој на починатите, за оздравување на повредените и за сила на оние кои помагаат на терен.

Телеграмата на Светиот Отец, потпишана од државниот секретар, по повод авионската несреќа што се случи на 6 ноември 2022 година во Букоба, Танзанија, ја пренесуваме во целост:

„Дознавајќи со тага за авионската несреќа во Букоба, Неговата Светост папата Фрањо упатува сочувство и ја ветува духовната близина со сите погодени од оваа трагедија, а посебно со семејствата на жртвите. Посебно се моли за вечен покој на починатите, оздравување на жртвите и сила на оние кои учествуваат во спасувачките операции. Неговата Светост моли за утеха и мир од Семоќниот Бог“.

Авионот се сруши во лоши временски услови

Мал патнички авион во неделата наутро се урна во езерото Викторија на пристап до аеродромот Букоба во Танзанија. Во таа трагедија загинаа најмалку деветнаесет лица, а спасени се дваесет и шест лица.

„Успеавме да спасиме приличен број луѓе “, им рече на новинарите командантот на полицијата во Кагера, Вилијам Мвампагале. „Кога авионот бил на околу 100 метри во воздух, наидел на проблеми и лоши временски услови. Врнеше дожд и авионот падна во вода “, рече тој.

Покрената е истрага

Премиерот на Танзанија Касим Мајалива изјави дека е покрената истрага за тоа што се случило. Портпаролот на француската агенција за истражување на воздушни несреќи БЕА во понеделникот изјави дека тие испраќаат тим во Танзанија заедно со технички советници од француско-италијанскиот производител на авиони.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот