Папата Фрањо: Да се пренесе Христос во светот на комуникациите

Во светот на комуникација Црквата е повикана да донесува топлина и да го распламти срцето, рече папата Фрањо во сабота 21 септември примајќи ги учесниците на општото собрание на Папскиот совет за комуникација. Светиот Отец истакна дека е важно христијанскиот идентитет да се носи и во дигиталниот свет. Затоа е потребна Црква која знае да појде на пат заедно со сите.

Треба да се донесе Христос во светот на комуникации, гледејќи го чекорот на секој човек, рече СВетиот Отец, потсетувајќчи дека оваа година се навршуваат 50 години од соборскиот декрет „’Inter Mirifica’, документ кој покажува колку многу Црквата внимава на комуникацијата и на нејзините средства и во евангелизаторска димензија. Комуникацискиот простор сѐ повеќе се развива станувајќи за многумина „животен простор“ и поради тоа е важно да се сфати улогата која може да ја има Црквата со своите комуникациски средства.

Без разлика на технологијата, мислам дека во секоја ситуација целта е да знаеме да се вклучиме во дијалог со денешните мажи и жени, за да можеме да ги сфатиме нивните очекувања, нивните двоумења и надежи. Понекогаш тоа се мажи и жени кои помалку се и разочарани од христијанството кое им изгледа стерилно, кое има тешкотии токму во делотворното пренесување на длабоката смисла која ни ја дарува верата. Навистина, рече Папата, токму денес, во време на глобализацијата, сведоци сме на сѐ поглема изгубеност, осаменост, и гледаме како се шири губењето на смислата за живот, гледаме како луѓето имаат тешкотии при воспоставување на длабоки врски.

Поради тоа е важно да се знае да се води дијалог, истакна папата Фрањо, влегувајќи во дијалог и тоа разумно и на простори кои се создадени од новите технологии, на социјалните мрежи за да покажеме присутност која слуша, разговара, охрабрува. Не плашете се да бидете таа присутност, донесувајќи го својот христијански идентитет кога ќе станете жители на таа средина. Црквата која го следи патот, знае да појде на пат заедно со сите, истакна Светиот Отец.

Потсетувајќи потоа на старото поклоничко правило, преземено до свети Игнациј, кое вели дека кој го следи поклоникот и кој оди заедно со поклоникот треба да оди во чекор со поклоникот, а не пред или зад него, објасни Папата. Тоа е она што сакам да го кажам: Црква која го следи патот и која знае да појде на пат. Предизивикот со кој треба да се соочиме не е главно технолошки. Напротив, треба да се прашаме дали сме способни и на тоа поле да ги доведеме другите на средба со Христос и дали сме способни да им го пренесеме лицето на Црквата која е дом за сите луѓе. И по пат на средствата за социјална комуникација треба да ја откриваме убавината на сето она што е во темелот на нашиот пат и нашиот живот, убавината на верата и средбата со Христос – додаде Светиот Отец.

И на полето на комуникациите е потребна Црква која може да донесе топлина, која може да го распламти срцето. Дали нашата присутност знае да одговори на таа потреба, или сме само техничари? Дали поседуваме скапоцено богатство кое треба да се пренесе, богатство кое донесува светлина и надеж, и кое е толку многу потребно, истаккна Папата и додаде дека сето тоа бара на тоа поле внимателно и квалифицирано да се воспитуваат свештениците, монасите, монахињити, како и лаиците.

Потребно е да се знае и да се донесе Христос, делејќи ја радоста и надежта со другите, како што Марија го донесе Христос во човечките срца; потребно е да се знае да се влезе во маглата на рамнодушноста и да не се изгубиме.; потребно е да слеземе во најтемната ноќ, а при тоа да не нѐ опфати темнината и да не се изгубиме; потребно е да се слушаат илузиите на многумина, и да не им дозволиме тие да не освојат; да се прифати разочарување и да не дозволиме да не опфати тагата, да ги поттикнуваме другите и да не дозволиме да се распуштиме и да се пореметиме во сопствениот идентитет. Тоа е патот, Тоа е предизвикот, истакна папата Фрањо.

Присутност на Црквата во светот на комуникациите е важна за дијалогот со  денешниот човек за да го доведе на средба со Христос, со свесноста дека основниот проблем не е стекнување на префинета технологија. Средбата со Христос е лична средба. Не може да се манипулира. Во денешно време имаме големо искушение во Црквата, а тоа е духовното вознемирување: манипулирање со совеста, теолошко перење на мозокот кое на крајот те доведува на средба со Христос, но на чисто номиналистичка средба со Христос, а не со Личноста на живиот Христос.

На средбата на некои лица со Христос, станува збор за Христос и за таа личност! А не за тоа што сака духовниот инжињер кој сака да манипулира. И тоа е предизивикот, истакна  Папата Фрањо, додавајќи на крајот дека секогаш треба да ни е јасно дека Бог, во кој веруваме, Бог кој е преокупиран со човекот, сака да се објавува по пат на нашите средства, иако се сиромашни, бидејќи Тој е оној кој делува, тој преобразаува, Тој е оној која го спасува човечкиот живот.

го*ко

Категорија: Uncategorized, Ватикан

За авторот