Папата славеше Литургија со ерменскиот патријарх

Утринската Литургија на 7 септември во капелата Света Марта беше посебна можност: на евхаристиското славење на Папата му се придуржи ерменскиот католички патријарх Крикор Бедрос XX Габројан. На Литургијата покрај патријархот беше присутен и кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни цркви, архиепископот Кирил Васил, секретар на конгрегацијата, патер Лоренцо Ларусо, заменик секретар, заедно со сите епископи и членови на Синодот на Ерменската католичка црква.

Според соопштението од патријархатот, на сослужувањето на Литургијата, за време на евхаристиската молитва, Папата го зеде дискосот со Пресветото Тело и му ја даде на патријархот, и заедно го подигнаа, со четири раце, постапувајќи на истиот начин и со путирот.

Заедништвото е многу важен поим за Црквата во првите времиња, но и денес, посебно на Исток. Заедништвото не е некое нејасно чувство, туку органска реалност која бара правна форма која истовремено ја поттикнува љубовта – стои во соопштението. Поради тоа, црковното заедништво кое Светиот Отец му го даде на Патријархот е изразено во делењето на евхаристијата, што ги потврдува евхаристиските корени на заедништво помеѓу епископот на Црквата во Рим, кој претседава во љубовта и Патријаршиската Црква на Ерменците во Киликија

 РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот