Папата побара молитви за неговата апостолска посета на Малта

Папата побара молитви за неговата апостолска посета на Малта

На крајот од Генералната аудиенција, Папата ги замоли верниците со молитва да ја придружуваат неговата претстојна апостолска посета на Малта, која ќе се одржи викендов, од 2 до 3 април. Тој им се заблагодари на сите вклучени во организацијата на посетата.

Зборувајќи за апостолската посета на Малта, која ќе се одржи викендов, Папата рече дека со нетрпение очекува да ја посети оваа „убава земја“, по стапките на апостол Павле, кој таму беше примен со големо човекољубие по бродоломот на патот за Рим.

Светиот Отец рече дека апостолското патување ќе понуди единствена можност да се оди до изворите на навестувањето на Евангелието, лично да се запознае со живата христијанска заедница која ја краси илјадагодишна историја.

Во очекување на средбата со Малтежаните, Папата го пофали фактот дека тие денес се посветени на приемот на многу браќа и сестри кои бараат засолниште. Малта е во срцето на Медитеранот и е место на пристигнување за многу мигранти и бегалци кои бараат безбедност и подобар живот.

Ватиканските медиуми ќе ги пренесуваат сите настани од посета на папата Фрањо од Малта.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот