Моту проприо за заштита на харизмата и унапредување на евангелизацијата

Моту проприо за заштита на харизмата и унапредување на евангелизацијата

Со документот „Ad charisma tuendum“, Папата одреди од 4 август овластувањето за Прелатурата Опус Деи да се пренесе од Дикастеријата за епископи на Дикастеријата за клер и одредува Прелатот повеќе да не биде епископ. Монсињор Фернандо Окарис истакна дека Папата Фрањо сака новиот Прелат да биде водач, но пред се татко.

Четириесет години по Апостолската конституција Ut sit, со која Иван Павле II. го издигна Опус Деи на ниво на лична прелатура, папата Фрањо, врз основа на Апостолската конституција Praedicate Evangelium, менува некои од неговите структури со цел „да ја заштити харизмата“ и „да ги промовира евангелизациските активности што неговите членови ги извршуваат во светот преку ширење на повикот за светост, преку посветување на работните, семејните и општествените обврски“. Новите одредби се утврдени со Моту проприо Ad charisma tuendum, објавено во петок 22 јули 2022 година, со кој Папата менува некои членови од конституцијата Ut sit, усогласувајќи ги со одредбите на неодамна објавената конституција Praedicate Evangelium .

Харизмата е повеќе од хиерархиски авторитет

Во документот, пред сè, во првиот член, се наведува дека врз основа на член 117 од Praedicate Evangelium, ватиканската Дикастеријата одговорна за Опус Деи повеќе нема да биде Дикастерија за епископи, туку Дикастерија за клер, на која Прелатот, највисоката власт, ќе поднесува годишен извештај за состојбата на прелатурата. Самиот прелат, за разлика од досегашната практика, повеќе нема да биде именуван за епископ, а тоа – се објаснува во четвртиот член од документот – со цел да се зајакне уверувањето дека, а со цел заштита на посебниот дар на Духот, формата на владеење да биде заснована повеќе на харизмата отколку на хиерархиски авторитет. Според тоа, титулата што ќе му припадне на Прелатот на Опус Деи ќе биде Апостолски протонотар супернумерариј со титула Пречесен монсињор.

Во согласност со основачот

Спомнувајќи се на многу големата надеж со која Црквата ја насочи својата мајчинска грижа и внимание кон Опус Деи, во моментот на нејзиното воспоставување како прелатура, како што рече во таа прилика папата Војтила, ова Моту проприо – се наведува во документот – сака да ја потврди прелатурата на Опус Деи во автентичен харизматичен контекст на Црквата, одредувајќи ја нејзината организација во согласност со сведоштвото на основачот, Свети Хоземарија Ескрива де Балагер и науката за соборската еклисиологија за личните прелатури. Новите одредби стапуваат на сила на 4 август.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот