Папата го благослови автомобилот „капела“

Пред почетокот на Генералната аудиенција во среда 2 декември, папата Фрањо на плоштадот Свети Петар го благослови новиот „автомобил-капела“, кој ќе се користи во пасторалната служба на Маријанската мисија за Бројаницата, светиште во Помпеја.

Првпат во историјата на споменатата мисија еден Папа им го благословува возилото кое во многу епархии низ светот ја носи светата икона на Богородица од Помпеја.

Традицијата на Маријанската мисија за Бројаница се раѓа во педесетите години од дваесетиот век, како залагање за евангелизација врз основа на најпознатата и најпопуларната Богородична молитва, Бројаницата. Бартоло Лонго, основач на светилиштето во Помпеја, на крајот на својот пат на преобраќање, во промовирањето на Бројаницата го открива својот повик. А промовирањето на Бројаницата значело навестување на Христос. Затоа и постанал мисионер и тоа најпрво меѓу земјоделците во долината околу Помпеја, а потоа во безбројното мноштво на верници кои доаѓале да ѝ се поклонат на Богородица на Бројаницата.

Следејќи ја харизмата на Црквата во Помпеја, Маријанската мисија на Бројаницата им се приближува, во Италија и во светот, на илијадници луѓе од парохиските заедници, болниците, касарните, училиштата, фабриките и затворите и преку внимателна катехеза упатува на привилегираниот пат кон спасение, односно на размислување врз Христовите таинства преку внимателниот поглед на Неговата мајка Марија. Бројните мисии остварени во текот на годините се однесуваат на сите италијански покраини, а подоцна стигнаа и до Австралија, САД, Канада и Малта.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот