Телеграма со сочувство од Папата за жртвите од терористичкиот напад во Најроби

Телеграма со сочувство од Папата за жртвите од терористичкиот напад во Најроби

Папата Фрањо упати телеграма со сочувство за жртвите од терористичкиот напад кој се случи во вторникот на 15 јануари во хотел во главниот град на Кенија, Најроби.

Длабоко тажен од веста за загубените животи и повредените во нападот во хотелскиот комплекс во Најроби, папата Фрањо им ја гарантира на сите оние кои се погодени од ова бесмислено насилство својата духовна близина. Изразува искрено сочувство на сите Кенијци, посебно на семејствата на покојните и на сите повредени. Молејќи се за Божјата милост, Неговата Светост го повикува за целата земја Божјиот благослов за утеха и сила, стои во телеграмата на Папата која во име на Светиот Отец ја упати државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот