Папата посети некои дикастерии на Римската курија

Во четврток попладне, 4 февруари 2016 година папата Фрањо посети некои дикастерии на Римската курија, како и Папскиот совет Кор унум и Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација. Посетата на Папата уште еднаш ја покажува неговата расположеност кон нашата работа – рече во разговор за Радио Ватикан архиепископот Физикела, претседател на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација. Папата ни даде важна поука за тоа како треба да се спроведува новата евангелизација – додаде архиепископот – преку пасторално преобраќање, тема која тој многу ја застапува, како и за катехезите кои се голем предизвик за Црквата.

Потоа архиепископот рече дека посетата на Папата на дикастериите е посебно важен во контекст на Светата година, бидејќи се случи во пресрет на важна процесија, на која реликвиите на падре Пио и о. Леополд свечено ќе бидат донесени во базиликата Свети Петар. Папата спомена, потсетувајќи на својата голема побожност кон отец Леополд дека овие двајца свети исповедници, Папата сака да ги даде како пример за целиот свет, за да се открие повторно големата вредност која во животот на верникот и најмногу во животот на бројните христијани ја поседува светата Тајна – рече архиепископот. Физикела

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот