Папата отпатува од Албанија
Последната станица од неговиот престој во Албанија беше посетата на центар за немоќни и незгрижени деца, кој во Тирана.
По кратката церемонија на испраќање, папата Фрањо отпатува од Тирана каде помина 11 часа полни со активности, укрепувајќи ја во верата и надежта Црквите и народот во Албанија, потсетувајќи ги на нивното маченичко минато и пофалувајќи го соживотот меѓу различните верски заедници, како пример за Европа и светот.
Последната станица од неговиот престој во Албанија беше посетата на центар за немоќни и незгрижени деца, кој во Тирана го води Италијански Каритас. Во говорот во центарот Витанија, Светиот Отец посведочи дека верата која се изразува преку љубовта и милосрдието може да ја избриши рамнодушноста, неверата и апатијата. Добината, истакна Папата, може да понуди многу повеќе од пари, кои често пати разочаруваат и се спротивстави на мислењето дека кое сѐ се мери со моќ и пари. Добрината сама по себе е награда и нѐ води да бидеме поблиски до Бог, рече Папата. Заблагодарувајќи се, Светиот Отец ги благослови сите вработени, волонтери и корисници на центарот, доверувајќи ги сите на нивниот заштитник Свети Антониј.
Папата Фрањо е воодушевен од средбата со толку многу млади во Албанија, одговори директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, патер Федерико Ломбарди на новинарско прашање. На прашање колку сигурно и добро се чувствува Папата во Тирана, о. Ломбарди одговори: Како и секогаш и насекаде: тој се чувствува добро и ги сака луѓето, а и луѓето го сакаат него. Тоа многу јасно се гледа. Беше добредојден во Албанија. Прекрасен ден, изјави патер Ломбради.
РВ/го*ко