Папата изрази сочувство до семејството Сотлоф
Во вторник 9 септември 2014 година папата Фрањо преку својот Државен секретар, кардинал Питеро Паролин испрати порака до семејството на Стивен Сотлоф, новинар кој е убиен од страна на милитантите од таканаречената Исламска држава.
Во писмото обраќајки се на семејството на убиениот новинар истакнува дека е длабоко растажен од веста за смртта на нивниот син и брат Стивен, изразувајќи го своето „молитвено сочувство“ и „Стивеновата душа ја доверува на Господ“, при тоа молејќи за семејството.
Папата ги повикува сите луѓе да го „отфрлат насилството, агресијата и недостатокот на сочувство и моли сите да бараат простување, исцелување и мир“.
На крајот од писмото папата Фрањо го споделува својот апостолски благослов на семејството за нивна утеха и сила.
РВ/го*ко